Обезбедено двотретинско мнозинство за законот за Јавно обвинителство?


Фото: Б. Грданоски

Власта обезбеди 80 гласови за законот за Јавно обвинителство, јави вечерва Телма, повикувајќи се на владини извори.
Претходно, Владата најави дека вечерва, со почеток во 22 часот, ќе одржи седница на која на дневен ред ќе биде законот за Јавното обвинителство.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во текот на денот изјави дека е можно вечерва владата да го пушти во собраниска процедура законот за ЈО и додаде дека во Собранието навреме би можело да се заврши процедурата околу донесувањето на законот за ЈО.
Овој закон, иако не е услов од Европската комисија за отворање на преговорите за пристапување кон ЕУ, сепак, од страна на повеќе меѓународни претставници беше посочено дека е добро да се донесе пред распишување на изборите.
Деновиве, претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека ќе го стави законот на дневен ред само доколку добие уверување од партиите дека се усогласиле за законот.