Орбан го направи државна тајна чинењето на пругата Белград -Будимпешта


Унгарската влада предизвика гнев во јавноста обидувајќи се да ги направи деловна тајна деталите за железничкиот проект финансиран од кинески државни пари, во време кога коронавирусот го запре градењето во земјата.   Патувањето со воз од Будимпешта кон Белград дава чувство на патување низ времето. Возењето трае осум часа – исто како и пред 150 […]

Шпанија забележа најмал број мртви последниов месец


Шпанија денеска објави дека бројот на починати од корона вирусот е на најниско ниво во последниов месец – 288 во последниве 24 часа. Со тоа бројот на смртни случаи се искачи од 22.902 на 23.190. Вкупниот број на инфицираните од корона вирусот сега e 207.634, што е за 1.729 повеќе. Бројката на излекуваните денеска денеска […]

Вашингтон пост го тужи Стејт департментот за депешите од лабораторијата во Вухан


Американскиот весник Вашингтон пост поднесе тужба против Стет департментот откако им беше одбиено барањето да добијат увид во депешите за безбедност во лабораторијата за истражување во кинескиот град Вухан, од каде почна пандемијата со корона вирус. Како што објави Вашингтон пост, тужбата е поднесена во Окружниот суд на САД во Вашингтон и се однесува на […]

Зголемен бројот на труења во САД по советот од Трамп за вбризгување белило


  Директорката на американскиот Завод за јавно здравство во државата Илиноис Нгоки Езике вели дека дошло до значителен пораст на случаи на труење во последните два дена. Тоа од друга страна, се поклопува со совето на претседателот на САД ДОналд трамп, за вбризгување дезинфекциски средства за да се спречи корона вирусот. Таа вели дека труење […]

Бројот на заразните во САД од корона вирус се ближи до милион


Во САД со новиот коронавирус инфицирани се 960.896 луѓе, што е најголема бројка во светот. САД исто така бележат и највисока стапка на смртни случаи, од последици од Ковид-19 досега починале 54.265 луѓе, а оздравеле 118.162 лица.

Пјонгјанг молчи за здраствената состојба на Ким Џонг-ун


Откако вчера се појавија различни информации за севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се уште нема официјална потврда за неговата здраствена состојба од Пјонгјанг. Дел од медиумите објавија дека тој е во кома откако на 12 април му беше извршена операција на срцето, додека на социјалните мрежи беше објавено дека Ким починал. Ким Џонг-ун стана лидер на […]

Ким Џонг-ун е во кома или мртов, но нема официјална потврда


Светските медиуми пишуваат дека се шпекулира оти лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун починал или е во кома по операција за вградување стент на срцето, но сè уште нема официјална потврда. Њујорк пост пишува дека информациите за смртта на севернокорејскиот претседател се појавиле на ТВ во Хонгконг, а наведуваат и дека некои јапонски медиуми пренеле […]

Италија: процентот на новозаразени паѓа, 415 мртви


Во Италија уште има премногу смртни случаи, но сите други показатели продолжуваат да се движат во вистинската насока, онаа на намалување на инфекцијата. Во последните 24 часа односот помеѓу откриените нови случаи и извршените тестови опадна на минимум од почетокот на епидемијата. Сега има само еден позитивен на 27 тестови. Во рамките на позитивните бројки […]

Полска ја сомничи Русија за сложена операција за дезинформирање


Портпаролот на директорот на полските безбедносни сили Станислав Зарин денеска изјави дека земјата била на мета на „сложена операција на дезинформирање“, со цел да се ослабне сојузништвото помеѓу Полска и САД. Тој додаде дека операцијата е слична како и претходните руски хакерски напади. Зарин истакна дека Полска ќе ја продолжи истрагата и оти нема дефинитивен […]

Курти го разреши советникот кој изјави дека ОВК вршела злосторства


 Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти го разреши денеска својот советник Шкељзен Гаши, чија вчерашна изјава дека Ослободителната војска на Косово (ОВК) вршела злосторства врз цивили предизвика бројни реакции во косовската јавност, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти на својот профил на Фејсбук напиша дека „некои вчерашни изјави (на Гаши) имаат деконцентрирачки […]

Зградите затворени поради корона вирусот може да бидат извор на легионерска болест


  Комерцијалните згради кои со седмици се затворени за да се сузбие заразата од корона вирус, може всушност да предизвикаат друга опасна зараза на белите дробови – легионерска болест. Ријтерс пишува дека поради овој факт многу здравствени работници повикуваат сопствениците на зградите постепено потворно да ги отвораат за да се спречи да избие легионерската болест. […]

Британија брои повеќе од 20.000 починати од ковид-19


Британското Министерство за здравство објави дека уште 813 лица починале денеска, позитивни на ковид-19. Со нив, вкупниот број на смртни случаи од коронавирус на островот достигна 20.319. Бројот е поголем од претходниот ден кога беа пријавени 684 лица и доаѓа откако владата соопшти дека вирусот го достигнал својот врв.

Лавров за СЗО: Никој не е совршен


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Светска здравствена организација прилично добро, иако не совршено, ја извршува својата работа. Тој во интервју за руската национална телевизија изјави дела СЗО многу добро ја извршува својата улога на координативно тело за меѓународното јавно здравство, иако не без грешки. – Никој не е совршен, посочи Лавров. […]

Италијанска научничка доброволно прими тест вакцина


  Италијанската научничка Елиса Геанато е прва која доброволно си вбризга тест вакцина против ковид-19. Тестирањето се продолжува со уште 500 волонтери и ако се покаже успешно, затитата од корона вирусот ќе може да биде подготвена уште во септември. Пробната вакцина е резултат на англо-италијанско партнерство родено од соработката меѓу Адвент-ИРБМ, мало биоинженерско претпријатие, сместено […]

Во Кина 10 дена нема починати од корона вирус


Кина денеска бележи десетти ден со ред без да пријави смртен случај од ковид-19. Властите во Пекинг објавија дека во претходните 24 часа заразната болест е потврдена кај 12 лица, од кои 11 се вратиле од странство. Во кинеските болници се наоѓаат само 838 заразени од корона вирус, додека уште околу 1.000 се наоѓаат во […]

Унгарија ја користи пандемијата за да го прошири влијанието во регионот


Унгарската влада ја користи кризата со коронавирусот за да се профилира како влијателна и активна регионална сила и да го извезува концептот на „илиберална демократија“ во земјите во регионот, меѓу нив и во Македонија   „Напред Унгарија“ пишува на кутиите со кинески знаци. Се нижат картони во транспортниот авион. „Над 80 милиони заштитни маски“ испратија […]

Русија ќе мора да се задолжи уште еден билион рубљи


Рускиот министер за финансии Антон Силуанов денеска изјави дека Москва годинава дополнително ќе се задолжи за повеќе од еден билион рубљи (околу 13,44 милијарди долари), со цел да го покриен недостигот од буџетските приходи од нафтата и гасот. Тој истакна и дека очекува од Државниот имотен фонд да бидат пренасочени два билиона рубљи за покритие […]

Србија ќе испрати осум авиони со помош за Италија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска од аеродромот „Никола Тесла“ испрати четири од предвидени осум авиони со помош за Италија, јави дописникот на МИА од Белград. – Србија има доволно опрема, затоа сметаме дека сега е најважно тоа да го дадеме и да им помогнеме на нашите италијански пријатели. Нашата помош не е мала, и […]

Изборите во Србија најверојатно ќе се одржат во јули


Парламентарните избори во Србија, најверојатно, ќе се одржат помеѓу 5 и 19 јули, објави белградскиот весник Блиц, повикувајќи се на неофицијални извори. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според Блиц, пред одржување на изборите се очекува укинување на вонредната состојба воведена поради епидемијата со новиот коронавирус. Првично, парламентарните, покраинските и локалните избори во […]

Ковид-19 не го поштеди медицинскиот персонал во Франција


Франција е една од најпогодените земји во светот со епидемијата на Ковид-19, со вкупно 22 245 смртни случаи. Во првите редови на справувањето со епидемијата, медицинскиот персонал не е поштеден, околу 4 000  лица од приватниот сектор побарале боледување, а регистрирани се 21 смртни случаи кај лекарите исто така во приватниот сектор, а речиси 4 отсто […]