Во Франција, вчера се затворија седум, денеска 70 училишта


Во Франција се затвориле 70 училишта по појавата на случаи кои потсетуваат на зараза од корона вирус, соопшти денеска француското министерство за образование додавајќи дека во училиштата од повторното отворање не е потврден ниту еден случај на Ковид-19.

Училиштата ги затворија своите врати по порастот на бројот сомнителни случаи во пошироката заедница, вели службениј од министерството за Си-ен-ен.

„На пример, 25 од 70 затоврени училишта се во градот Сенс затоа што во него е забелеажн еден нов случај со Ковид-19″, велат од министерството.

Вчера беа затворени седум училишта на северот од земјата поради заразено дете со Ковид-19.

Во Франција минатата недела беа отворени 40.000 училишта, а околу 1,4 милиони ученици се вратија во школските клупи. До сега во земјата забележани се речиси 200.000 заразени, а починаа повеќе од 28.000 луѓе.