Во Италија двојно порасна бројот на жртви и заразени од Ковид-19


Италијанската цивилна заштита во вторник објави дека во последните 24 часа во таа земја забележани се 162 смртни случаи што е многу повеќе од вчерашните 99, а порасна и бројот на заразени од 451 во понеделникот на 813.

Од почетокот на епидемијата на 21 февруари во италија од корона вирус починаа 32.169 лица, при што повеќе смртни случаи се забележани само во САД и во Велика Британија.

Корона вирусот е потврден кај 226.699 Италијанци, а повеќе заразени од Италија имаат само САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил.

Во моментот во италија има 65.129 активни случаи, што е намалување во однос на вчера кога имаше 66.553.