Шпанија дозволи летови од Италија

Шпанија – Шпанија ја укина забраната за директни летови и поморски сообраќај од Италија, што е во сила од 11 март кога во Шпанија беше прогласен карантин поради епидемијата на Ковид-19.

Патниците од Италија и понатаму ќе мора да го почитуваат двонеделниот карантин, како и сите останати лица кои доаѓаат од странство.

Во Шпанија се уште е вп сила вонредната состојба, но рестриктивните мерки се укинуваат постепено.