Рускиот премиер се врати на работа по опоравувањето од Ковид-19


Премиерот на Русија Михаил Мишустин се врати на работа откако оздраве од Ковид-19, соопшти денеска Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се укинува привременото пренесување на должностите на Мишустин на првиот вицепремиер Андреј Белошов, пренесува ТАСС.

Мишустин беше дијагностициран на 30 април, а Белошов во тоа време беше назначен за вршител на должноста премиер на Русија.