Гневна тирада на Трамп против Фокс њуз


Водителот на Фокс њуз Нил Кавуто

Претседателот е лут затоа што водителот Нил Кавуто ги предупреди гледачите да не го земаат на своја рака лекот хидроксихлорокин, што го пие Трамп

 

Претседателот Доналд Трамп во понеделникот вечерта објави редица гневни пораки против Нил Кавуто од Фокс њуз – и против самата телевизиска мрежа – откако водителот го критикуваше претседателот, кога тој објави дека земал хидроксихлорокин како превентивна мерка против корона вирусот.

Претседателот откри во понеделникот тој го земал лекот, на разочарување на здравствените експерти, кои предупредуваат дека има малку докази дека лекот е ефикасен третман или го спречува Ковид-19. Здравствените експерти предупредуваат дека хидроксихлорокинот дури може да доведе до несакани ефекти доколку се земе надвор од предвидената употреба – како што е лекување на маларија, лупус и ревматоиден артритис – и велат дека постојаната пофалба на Трамп за лекот може да доведе до недостиг во снабдувањето.

Говорејќи во понеделникот попладне, Кавуто во своето шоу рече: „Претседателот инсистираше на тоа дека (хидроксихлорокинот) има огромни придобивки за пациентите да го превенираат или веќе го имаат Ковид-19. Факт е дека е она што го кажа претседателот: „’Што може да изгубите?’, бројот на студии (покажуваат) дека населението мора да изгуби нешто: нивните животи“.

Кавуто продолжи: „Ако го преземете ова како превентивен третман за да го спречите вирусот, или во најлош случај, да се справите со вирусот и да сте во оваа ранлива популација, тоа ќе ве убие. Не можам посилно да го нагласам. Ова ќе ве убие“.

Трамп возврати со десетина објави на Твитер во кои го напаѓа Кавуто и го нарекува „идиот“, „глупав“, „лековерен“ и „гомнар “. Претседателот избра лоши зборови и за мрежата, велејќи во твит дека Фокс њуз, кој генерално обезбеди поволно покритие на Трамп, „повеќе не е иста“.

„Ни недостасува големиот Роџер Ејлс “, напиша претседателот. „Имате повеќе луѓе против Трамп, многу повеќе од преходно“.

Ејлс служеше како шеф на мрежата Фокс њуз и поднесе оставка во 2016 година по бројните обвинувања за сексуално вознемирување. Тој го советуваше Трамп во подготовките за дебати за време на изборите во 2016 година. Ејлс почина во 2017 година.

Фокс њуз не одговори веднаш на барањето за коментар за забелешките на Трамп. Односот на Трамп со мрежата е разнишан последните месеци. Претседателот, чие непочитување на критичкото покритие на вестите е добро документирано, се нафрли на Фокс њуз минатиот месец, тврдејќи дека се храни со „точките за разговор на демократите“.

„Луѓето кои гледаат на @FoxNews, во рекордни броеви (благодарам претседателе Трамп), се лути. Тие сега сакаат алтернатива. Исто и јас!“, твитна Трамп на 26 април. (Политико)