Шведска ќе ги тестира сите кои треба да се вратат на работа неопходна за земјата


 

Шведска денеска соопшти дека сака да го прошири тестирањето за корона вирус на сите лица кои имаат умерени симптоми.

Имаат намера да ги тестираат кои работат професии неопходни за земјата да функционира, за непотребно да не остануваат дома.

Од почетокот на здравствената криза шведските власти секој ден повикувааѕ граѓаните да останат дома ако имаат симптоми на Ковид-19.

– Но, доколку ситуацијата подолго трае, тие лица треба да се тестираат за да се види кога може да се вратат во активен живот – рече министерката за здравство Лена Халенгрен.

– Не може да имаме ситуација во која луѓето остануваат дома поради најмал симптом, ако нема потреба да бидат таму – додава таа.

До средината на април во Шведска беа тестирани само пациенти во болница и медицински персонал, а потоа се прошири и на работни места кои се сметаат неопходни за општеството, како полицајци и пожарникари кои требаше да се вратат на работа што побрзо.

Шведската влада исто така кон средината на април објави дека сака да го тестира населението, а се планираше неделно да се тестираат до 100.000 луѓе, што се покажа тешко изводливо, заради недостиг од логистика, а не недостиг од тестови. Во земјата минатата недела се направија 32.000 тестови.

Начинот на кој Шведска управува со кризата, одбивајќи да го стави народот во изолација, сепак предизвикува критики како во земјата така и надвор.

До денеска во Шведска се забележани 3.743 починати од вкупно 30.800 заразени, што ја прави стапката на смртност многу повисока од другите нордиски земји кои воведоа мерки ан полуизолација.

Шведска има 371 смртен случај од Ковид-19 на милион жители, според „Worldometer”. Во Данска тој број е 95, во Финска 54 и во Норвешка 43.