Партијата на Макрон загуби мнозинство во Парламентот

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Република во движење го загуби мнозинството во Парламентот, откако ја напуштија седум пратеници.

Заедно со неколку други поранешни поддржувачи на претседателот, тие формираа нова партија, Екологија, демократија, солидарност, која, како што најавија, ќе се фокусира на „зелените“ прашања и социјалната нееднаквост.

По нивната одлука, партијата на Макрон остана со 288 пратеници, еден помалку отколку што е потребно за мнозинство во Долниот дом, каде има 577 места.

Сепак, партијата на претседателот има поддршка од двајца политички сојузници кои заедно имаат 56 места во Парламентот.