САД поттикнуваат производство на лекови за новиот коронавирус

Легенда: Соработниците го советуваат Трамп да го смени својот строг јазик (Фото: Ројтерс)

Кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со домашната фармацевтска компанија Phlow во вредност од 812 милиони американски долари за обезбедување домашно производство на лекови за Ковид 19 и намалување на зависноста од увоз.

Министерството за здравство на САД соопшти дека со Phlow, основана во јануари оваа година, договориле производство на лекови за Ковид-19 и други важни лекови и фармацевтски состојки во текот на четири години.

Договорот може да се продолжи на 10 години, а неговата вредност на 812 милиони долари. Од компанијата објавија дека благодарение на договорот, ќе може да произведуваат лекови за потребите на државните стратешки резерви. Тие забележуваат дека започнале да произведуваат фармацевтски состојки и готови дози за повеќе од десет основни лекови за третман на хоспитализирани пациенти со Ковид-19.

Тие додаваат дека веднаш испорачале повеќе од 1,6 милиони дози на пет основни генерички лекови за лекување на пациенти со Ковид-19 во стратешките резерви на државата.