Гладните во Чиле се судрија со полицијата поради карантинот


Полицијата и демонстрантите се судрија во јужниот дел на Сантијаго, престолнината на Чиле.
Локалните власти предупредија сека нема доволно храна во сиромашните населби поради карантинот воведен за да се спречи ширењето на корона вирусот.
Според Ројтерс, демонстрантите фрлале камења и палеле дрвја по должина на улиците во сиромашните квартови на јужниот крај на Сантијаго.
Локалната телевизија емитуваше снимки на кои се гледа како полицијата фрла солзавец и користи водени топови за да ги растера насобраните луѓе, пренесе Гардијан.
Општината наведе дека семејствата гладуваат во најсиромашните сектори на Ел Боске, област во која многумина работат на црно или воопшто не работат.
Градската населба е под карантин од средината на април, наведоа во соопштението градските власти.
Во Чиле,  според податоците од неделата има 43.781 заболени од вирусот и 450 смртни случаи.