Кинез киднапиран како дете пред 32 години се обедини со неговите родители


Мао Јин со неговите татко и мајка на првата средба

Мао Јин беше грабнат однесен во Ши’ан, додека одеше дома од градинка со неговиот татко во 1988 година

 

Кинез, кој бил украден од своето семејство како дете, повторно се обедини со своите родители по 32 години.

Мао Јин беше грабнат во 1988 година, кога одеше дома од градинка со својот татко, на само две и пол години. Неговите родители конечно го прегрнаа во понеделникот попладне, во западниот град Ши’ан, каде што се роди.

Откако Мао исчезна, неговата мајка Ли Џингжи ја напушти работата и започна децениска потрага по нејзиниот син, што вклучуваше испраќање на над 100.000 флаери и појавување на бројни телевизиски емисии.

Таа долга кампања им помогна на 29 други семејства да ги најдат своите исчезнати деца, но само кон крајот на април годинаватаа стигна до нејзиниот син.

Кон крајот на април, полицијата добила информации за едно момче од Ши’ан, кое било продадено на семејство оддалечено повеќе од 600 километри оддалеченост за 6.000 јуани. ДНК-тестот го потврди идентитетот на Мао Јин.

„Би сакал да им се заблагодарам на десетиците илјади луѓе кои ни помогнаа“, рече Ли за новинската агенција Ксинхуа. „Не можам да верувам дека откако им помогнав на 29 исчезнати деца да ги најдат своите семејства, можам да го најдам својот син“.

Мао Јин со неговата мајка Ли Џингжи

Преименуван во Гу Нингинг, бил одгледан во градот Мијанјанг, без никаква идеја дека тој бил цел на повеќедецениско пребарување.

Тој сега планира да помине неколку дена со родителите, пред да се врати дома за да се справи со импликациите во неговиот живот кој се сврти наопаку во текот на ноќта. „Да бидам искрен, сè уште не сум сигурен за иднината“, рече тој за новинската агенција Ксинхуа.

Киднапирањето на деца е проблем во Кина со децении. Некои од децата грабнати од нивните родители биле директно експлоатирани од возрасни криминалци и биле присилени на питање, џепчиштво, присилна работа или сексуална трговија.

Само во минатата година, кинеските власти повторно обединија над 6.300 грабнати деца со своите семејства користејќи ДНК-тестови, објави Ксинхуа.

Но, тоа е веројатно само мал дел од децата кои исчезнаа. Кинеската влада не дава бројки, но американскиот државен оддел процени дека се киднапираат 20.000 деца годишно, или 400 неделно, според Би-би-си. (Гардијан)