Мрачни прогнози за Сирија доколку се рашири корона вирусот


Светската здравствена организација (СЗО) во неделата соопшти дека не е регистриран случај на нови инфекции со вирусот корона во Сирија, можеби затоа што досега не се направени скоро никакви тестови во земјата погодена од граѓанската војна. Во неделата вечерта, сепак, сириската влада објави дека е регистрирана првата смрт. Како што изјави министерот за здравство, тоа […]

„Невидливите“ бездомници во Романија погодени од кризата со корона вирусот


Неколку илјади бездомници во Букурешт, Романија поминуваат многу тешка криза во време на пандемија од корона вирусот. Напуштените улици во Букурешт поради изолацијата спроведена заради корона вирусот, не се повеќе извор на фрлена храна, со што бездомниците во Романија имаат се помалку можности да ги задоволат потребите. Додека во другите европски земји, постојат иницијативи кои […]

Помпео ги нападна, Трамп ги смирува Кинезите


Американскиот претседател Доналд Трамп  разговарал со својот кинески колега Си Џинпинг за пандемијата од новиот коронавирус, од кој во последните 24 часа во светот починаа над 24.000 луѓе. – Кина беше отворена и транспарентна кога станува збор за епидемијата со коронавирусот, изјави Си во телефонскито разговор со Трамп.Трамп, пак,  на Твитер напиша дека „Кина помина […]

Зошто губењето на сетилото за мирис може да е симптом на Ковид-19


Поминаа четири дена од инфекцијата за која постоеше сомнение дека е коронавирус, кога Оливија Хејнс сфати дека не може да мирисне ниту да вкуси ништо. Нејзината сува кашлица и треска на кратко се смируваа и апетитот се врати, па самата си зготви шпагети болоњез. Таа првично помисли дека не го зготвила добро јадењето бидејќи било […]

ЕУ договори посилни мерки против економската криза, нема согласност за „корона обврзници“


Лидерите на 27 земји од Европската унија се согласија, под притисок на Италија, да им наложат на министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната во рок од две недели да дефинираат посилни мерки за решавање на економската криза и очекуваната рецесија. На шестчасовниот видео самит синоќа, лидерите на ЕУ, исто така, ја повикаа Европската комисија […]

Австралиска медицинска сестра ги предупредува жените


Коронa вирусот воспостави многу построги мерки околу хигиена. Темелно миење на рацете, избегнувње допир, сето ова мора да се почитува, но малкумина размислуваат за тоа колку бактериите остануваат под ноктите, особено вештачките. Медицинска сестра од Австралија предупредува дека долгите надградени нокти можат да бидат вистинското легло на вируси и бактерии. Првата мерка за одбрана од […]

Бразил: Маракана ќе биде пренаменет во болница


Бразилските власти одлучија спортскиот комплекс Маракана да биде привремена болница за пациенти заразени со новиот коронавирус. Маракана е најпознатиот фудбалски стадион во светот, кој двапати беше домаќин на финалето на Светското првенство (1950 и 2014 година). На стадионот беа отворени и минатите Олимписки игри. Локалните власти на Рио де Жанеиро дополнително треба да одлучат колку […]

Голем пад на криминалот во Италија


Во Италија е регистрирано нагло опаѓање на криминалот од воведувањето на карантински мерки за ограничување го ширењето на новиот коронавирус, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи. Помеѓу 1 и 22 март се пријавени 53.000 кривични дела, и тоа е пад од 64 проценти во однос на истиот период минатата година, се вели во извештајот на […]

Ла Стампа тврди: Околу 80 отсто од руската помош за Италија е бескорисна


Околу 80 отсто од испораките за коронавирусот што Русија ги испрати во Италија се „бескорисни“, пишува  весникот „Ла Стампа“  повикувајќи се на високи политички извори. Русија испрати 600 вентилатори и 100 воени вирусолози и епидемиолози во Италија по разговорите меѓу претседателот Владимир Путин и италијанскиот премиер Џузепе Конте минатата сабота. Снимките од руските воени камиони […]

Загадувањето намалено до 50 отсто од запрениот сообраќај поради корона вирусот


Европската агенција за животна средина вели дека жителите на многу европски градови за прв пат дишеле чист воздух, иако причината е страшна – епидемијата на корона вирусот   Нивото на загаденост се намали за повеќе од 50 проценти во делови од Европа, според новите бројки објавени од Европската агенција за животна средина (ЕЕА), бидејќи затворањето […]

САД распишаа потерница по Мадуро


Соединетите држави ќе дадат 15 милиони американски долари за информации што водат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро за обвинение за трговија со дрога, изјави  државниот секретар Мајк Помпео. Помпео ја објави наградата откако Министерството за правда покрена обвиненија против Мадуро, опишувајќи го како обичен злосторник место како шеф на држава, додека Вашингтон се […]

Писмо од Париз: Градот на светлината стана град на тишината и стравот


Парижаните се најдоа како треснати од невообичаеното, но суштинското прашање: како да се досадуваме дома, а да не ни биде здодевно? Во карантин сме, бидејќи се соочуваме со непријател кој е невидлив, а единствениот начин на кој треба да дејствуваме против него е да не правиме ништо и да останаме ограничени   Дејан Буѓевац (Специјално […]

ЕУ за организирање видео донаторска конференција за средства за вакцина против Ковид-19


Претседателите на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и на Европскиот совет Шарл Мишел за време на разговорот со лидерите на Г20 ја истакнаа потребата за итен, масовен и координиран глобален одговор на кризата со Ковид – 19. На видео конференцијата, лидерите на најголемите светски економии ветија дека ќе се обединат и ќе им дадат […]

Луизијана може да стане ново жариште на коронавирусот во САД


Луизијана може да стане уште едно жариште на новиот коронавирус откако во сојузната држава за едно деноноќие беа регистрирани 400 нови случаи на инфекција. Заклучно со денеска, во државата има речиси 1.800 случаи на коронавирус, и како се зголемува бројот на тестирани лица, така се откриваат нови инфекции. Во Луизијана, од болеста Ковид-19 досега починале […]

Бројот на заразените во Италија пак расте


Во Италија запре трендот од четири дена на намалување на луѓето инфицирани од корона вирусот. Во последниве 24 часа биле регистрирани позитивно на Ковид-19 4.492 лица (вчераимаше 2.492), со што вкупно се заразени 62.013. Во последните 24 часа починаа 662 лица (вчера 683), со што вкупниот број на смртни случаи со коронавирус стигна до 8.165 […]

Фаучи: Пандемијата на коронавирус можа да добие цикличен карактер


САД– Водечкиот специјалист за инфективни заболувања во САД, Антони Фаучи, изјави дека пандемијата на коронавирус што го погоди светот, може повторно да се појави и тоа во многу посилна форма, ако не се преземат неопходните мерки. Фаучи, кој е раководител на Институт за алергиски и инфективни заболувања, и член на координатвното тело на Белата куѓа […]

Швајцарската влада го контролира (не)движењето на граѓаните преку мобилните


Владата на Швајцарија побара од државната телекомуникациска компанија „Свиском“ да и достави податоци за мобилните телефони во текот на еден ден, заради проценка на ефикасноста на мерките за ограничување на движењето на населението за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска официјален претставник на федералната Агенција за здравство. – Сакавме да знаеме дали тие мерки […]

Газди во Грција барале од вработените да им ја дадат помошта од државата


До синдикатите во Грција стигнале сериозни поплаки дека постојат обиди на некои работодавците да земат дел од специјалната помош во висина од 800 евра што им следува на вработените во рамките на владините мерки за поддршка за справување со економските последици од коронавирусот, објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. ЕРТ, […]

Унгарија: Откриен вирус на птичји грип на фарма за патки


Унгарската агенција за безбедност на храната Небих соопшти денеска дека открила вирус на птичји грип Х5Н8 на фарма за патки во округот Бач-Кискун. Агенцијата Небих наведе дека почнала со уништување на 32.000 патки на фармата. Покрај тоа, воспоставена е заштитна зона во должина од три километри и зона за надзор од десет километри околку локацијата. […]

Драматично зголемување на невработеноста во САД


Пандемијата со Ковид-19 предизвикува нарушувања на американската економија, а податоците објавени во четвртокот изутрината покажуваат силна штета направена на пазарот на трудот. Бројот на Американци кои се пријавиле за бенефиции за невработеност се зголемил на рекордни 3,2 милиони за неделата што заврши на 21 март. Општите очекувањата беа дека ќе има 1,64 милиони побарувања. Претходниот […]