Корона вирусот стигна и до племе во Амазонија


Прв случај на Ковид-19 потврден е во племето Ваорани во еквадорскиот дел на Амазонија, соопшти денеска Министерството за здравство на Еквадор.

Заболена е 17-годишна девојка која била трудна, а од почетокот на мај покажувала симптоми на болеста, пренесе Си-ен-ен.

Таа се наоѓа во изолација во болница во Квито, а во нејзиното село пратен е тим кој ги тестира сите со кои имала контакт.

За сега испитани се 40 припадници на племето, а шестмина покажуваат симптоми.