Американска лабораторија се поблиску до вакцина


 Американската лабораторија „Модерна“ објави позитивни податоци за почетната фаза од клиничките испитувања на својата вакцина против корона вирусот на мал број доброволци.

Изгледа вакцината  наречена mRNA-1273 предизвикала имунолошки одговор кај осум лица кои ја примиле, еднакво на одговорот кои го имаат лицата кои природно се заразиле од вирусот, се вели во соопштението од лабораторијата. Не се познати целосните резултати од испитувањата на фаза 1, првата во развој на вакцината, која вклучува 45 учесници.

 

„Овие привремени прелиминарни податоци од фазата 1, покажуваат дека вакцинирањето со mRNA-1273 придвижува имунолошки одговор еднаков на силата како и оној предизвикан од природна зараза“, изјави Тал Закс, директор на „Модерна“.

Клиничкото испитување го води Националниот институт за здравство, а американската влада за овој проект вложи близу половина милијарда долари. Три групи од по 15 пациенти примија три дози вакцина, еднаш или два пати. Фазата два во која треба да учествуваат повеќе луѓе, треба да почне наскоро, а „Модерна“ наведува дека фазата 3, последната и најголемата за процена наефикасноста на вакцината  треба да почне во јули.

Тестовите на глувци одвоено покажаа дека вакцината го спречува размножувањето на  вирусот во градите.

„Екипата на лабораторијата на „Модерна“ и понатаму работи на најбрз и најсигурен начин да почне  испитувањето во третата фаза во јули“, објавија од таму.