Вакцината против корона од Оксфорд не ги заштити мајмуните


 

Вакцината која ја подготвуваат стручњаци од Универитетот во Оксфорд не го сопира вирусот кај мајмуните и можно е да е само делумно добра, пишува Телеграф.

Тестирањето на мајмуни не го сопре ширењето на висрусот меѓу животните и отвори сомнеж за тоа дали ќе биде соодветна за човекот, па и дали има потреба од продолжување на нејзиното развивање.

Во моментот новата вакцина се тестира и на луѓе во Велика Британија. Владата веќе договори производство на повеќе од 30 милиони дози ако тестирањата покажат дека е успешна, а во изтражувањето се вложени повеќе од 50 милиони фунти.

„Сите мајмуни кои беа вакцинирани со вакцината од Оксфорд се инфицирани. Не постои разлика во состојбата меѓу вакцинираните и невакцинираните мајмуни, сите беа заразени“, стои во написот на Форбс ијзава од д-р Вилијам Хаселтин, поранешен професор на Харвард.

Џонатан Бал, професор по молекуларна вирологија на Универзитетот во Нотингам вели дека таквите податоци сугерираат дека кандидатот за вакцина од Оксфорд не може да го спречи ширењето на вирусот.

„Тоа што нема разлика меѓу вакцинираните и невакцинираните мајмуни е многу значајно. Ако истото се случи и со луѓето, вакцината нема да го спречи ширењето на заразата. Сметам дека ова откритие бара преиспитување на тестирањето на истата вакцина на луѓе“.

До сега секоја фаза од истражувањата за оваа вакцина беше успешна и најавуваше можно доаѓање до пазарот уште на есен ако се беше во ред.

Вакцината од Оксфорд имаше статус на најсериозен кандидат за борба против корона вирусот, но ова е сигурно чекор назад, велат стручњаците.