Во Италија бројот на починати падна под 100


Бројот на починати од корона вирус во Италија денес изнесува 99, што е помалку во однос на вчерашната бројка од 145 починати лица.

Ова е прв пат бројот на починати да падне под 100, пренесува „Ројтерс“.

Што се однесува до бројот на новозаразени тој пораснал за 451, што е исто така помалку во однос на 675 колку што се регистрирани вчера.

Тоа е исто така најнизок број на новозаразени од 2 март.
Вкупниот број на починати во Италија изнесува 32.007, што е трет најголем број во светот после САД и Британија.

Бројот на заразени од корона вирус пораснал на 225.886, што е шести најголем број на светот после САД, Русија, Шпанија, Британија и Бразил.
Вкупно излекувани од корона вирус во таа земја се 127.326 лица.
На корона вирус тестирани се скоро два милиони луѓе.