Трамп: Земам хидроксихлорокин како превентива


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека повеќе од една седмица зема хидроксихлорокин, лек за маларија, како превентива од новиот коронавирус.

– Го употребувам последната недела. Една таблета секој ден, изјави Трамп.

Тој и претходно ја промовираше употребата на хидроксихлорикинот како евентуален лек за Ковид-19 и покрај предупредувањата на лекарите.

Ниту едно истражување досега не покажа дека хидроксихлорикинот има позитивен ефект на заразените пациенти, додека американската Агенција за храна и лекови предупреди да не им се дава медикаментот на заразените со новиот коронавирус надвор од болниците и клиничките истражувања.