Индија евакуира милиони жители, ѝ се заканува најсилната бура – короната дополнително отежнува


 

На Индија и на Бангладеш им се заканува најсилната бира некогаш забележана во Бенгалскиот залив.

Милиони луѓе се наоѓаат на патот на супер циклонот, чиј удар се очекува за помалку од 36 часа, а се закануваат силни ветришта и обилни дождови, и тоа во регион кој се бори со корона вирусот, пренесе Си-ен-ен.

Супер циклонот Амфан стана најсилна бура која некогаш е забележана во Бенгалскиот залив во понеделникот вечерта, откако ветровите достигнаа бризна од 270 км/ч

Супер тајфунот се очекува да ја погоди индиско-бангладешката граница во среда вечер, во близина на градот Калкута, во кој живеат 14 милиони луѓе.

Шефот на националниот центар за одговор на природни катастрофи вели дека 20 тимови веќе се распоредени во регионот што треба да го погоди Амфан, 12 тимови подготвени чекаат, а уште 24 распоредени се во други делови на Индија.

Рибарите се предупредени да не излегуваат на отворено море.

Бурата доаѓа кога Индија и Бангладеш се соочуваат со корона вирусот, па дополнително е отежнато евакуирањето на луѓето во преполните центри, а предизвик е одржувањето дистанца.

Властите прават големи напори за да го решат проблемот со засолништата за евакуација на жителите, а 250 од 800 засолништа во моментот се користат како карантин за пандемијата од корона вирусот.

Најверојатно училиштата и други обекти ќе бидат искористени за привремени засолништа.

Ова е прв силен циклон во Бенгалскиот залив од 1999 година, а тогаш на бреговите на Орисе настрадаа најмалку 9.000 луѓе, пишува Би-би-си.