Вухан за 24 часа спроведе 467.847 тестирања на корона вирус


Во Вухан вчера се направени 467.847 тестирања на корона вирус, додека претходниот ден тој број изнесуваше 335.887.

Во кинескиот град Вухан, каде беше првото жариште на новиот корона вирус, на 14 мај почна кампања со цел откривање на асимптоматски носители на вирусот.

Ваквиот чекор е преземен откако неодамна беа пријавени нови случаи, првпат откако беа укинати карантинските мерки во градот на почетокот на април.