Во Британија речиси 43.000 починати од корона вирус


 

Според официјалните податоци, бројот на смртни случаи од Ковид-19 во велика Британија достигна речиси 43.000, јави Ројтерс.

Велика Британија по бројот на смртни случаи е на второ место во светот по САД.

Новите официјални податоци за Англија и Велс покажуваат дека во Велика Британија умреле најмалку 42.990 луѓе, што ги вклучува претходно објавените податоци за Шкотска и за Северна Ирска, како и починатите во болниците во Англија.

Податоците покажуваат дека најкритично е во домовите за стари лица, каде од 8 мај до сега починале повеќе од 10.000 луѓе.

Ројтерс потсетува дека Велика британија е меѓу земјите кои се најтешко погодени со пандемијата од корона вирусот, иако е тешко да се споредуваат бројките со другите европски земји, затоа што податоците не се собираат на ист начин.

Големата смртност од корона вирусот го зголемува притисокот прз премиерот Борис Џонсон поради начинот на кој ја води државата во епидемијата.

Имено, опозициските партии сметаат дека Џонсон бил многу спор кога се воведувал карантинот, масовното тестирање и набавката на заштитна опрема за болниците.