ЕУ договори специјален „корона пасош“


Министрите за туризам на ЕУ денеска се согласија на видео конференција да изготват заеднички патнички документ што ќе важи за сите земји-членки, јави ДПА. Денешната сесија се фокусираше на состојбата на европскиот туризам, ефектите од пандемијата и мерките и условите за пристигнување на туристи, а хрватскиот министер за туризам, Гари Гапели, рече дека документот, кој […]

Во Русија повеќе заболени од ковид-19 отколку во Кина


Во Русија веќе има повеќе од 87.000 случаи на заразени со новиот корона вирус, со околу 2.500 повеќе од Кина, јави ДПА. Во моментов, Русија и Кина се рангирани на деветто и десетто, соодветно, во апсолутен број на заразени според официјалната статистика. Првите три места во ранг-листата се за САД, Шпанија и Италија. Во март, […]

Во домашен притвор испратени неколку шефови на италијанската мафија поради ковид-19


Поради пандемијата на Ковид-19 неколкумина шефови на италијанската мафија со двоцифрени пресуди се ослободени и се наоѓаат во домашен затвор. Тоа го соопшти обвинителот одговорен за борба со мафијата и тероризам, Федерико Кафиеро де Рао. Целта на властите во Италија е да се заштитат затворениците. Владата не гледа друг начин да ги заштити затворите од […]

Џонсон и се обрати на нацијата првпат по заболувањето со ковид-19


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изрази жалење бидејќи долго време бил отсутен од своето работно место и му заблагодари на министерот за надворешни работи Доминик Раб, кој го менуваше, но и на граѓаните. Тој во своето прво обраќање до јавноста, откако оздраве од новиот коронавирус, истакна дека пандемијата е најголемиот предизвик за државата од Втората […]

Нов Зеланд се ослободи од ковид-19


Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска изјави дека успешно е запрено ширењето на Ковид-19 во земјата односно дека привремено е елиминиран новиот корона вирус. Веста се појави неколку часа пред Нов Зеланд да го укине највисокото ниво на физичка дистанца. Од утре некои секундарни бизниси почнуваат со работа, а здравствените и образовните активности продолжуваат, […]

Нобеловец: Знам што зборувам. Или е грешка или вирусот протекол од лабораторија


Ковид 19 е дело на човечка рака, тврди францускиот научник и добитник на Нобеловата награда за медицина Лик Монтање. Тој претпоставува дека се случила грешка кога научниците трагале по вакцина за вирусот на СИДА. Монтање, кој се прослави со пронаоѓање на вирусот на сидата, за денешни „Вечерње новости“ вели дека знае што зборува и го […]

Јужна Кореја: Ким Џонг Ун е жив и здрав


Јужна Кореја објави дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун е „жив и здрав“, во време на шпекулации за неговото здравје. Советникот за надворешна политика на Јужна Кореја, Мун Џае Јинг, за Си-Ен-Ен изјави дека Ким Џонг Ун е „жив и здрав“ и оти „досега не се забележани сомнителни случувања“.   Здравјето на Ким […]

Кинески здравствени работници ќе ги тестираат Саудијците на Ковид-19


Саудиска Арабија вчера потпиша договор со Кина во висина од 264 милиони американски долари, за тестирање на девет милиони граѓани на Ковид-19. Договорот предвидува 500 кинески здравствени работници да бидат ангажирани во шест лаборатории, што треба да се изградат во Саудиска Арабија. Во Саудиска Арабија регистрирани се повеќе од 17.000 заразени луѓе со новиот коронавирус, […]

Телефонски разговор Трамп – Макрон за СЗО


Американскиот и француски претседател Донмалд Трамп и Емануел Макрон во телефонскиот разговор се согласија дека е неопходна реформа на Светска здравствена организација, изјави портпаролот на Бела куќа, Џуд Дир. Тој на Твитер напиша дека двајцата лидери разговарале за „позитивниот развој на настани во борбата против пандемијата со корона вирусот и напредокот за повторно отворање на […]

Трамп ги помеша Пулицерова и Нобелова награда, па го избриша твитот


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа критикувајќи ги новинарите на Твитер, ги помеша Пулицеровата и Нобеловата награда. „Кога сите ‘репортери’, кои добија Нобелова награда за својата работа за Русија, Русија, Русија, само да би се покажало како целосно погрешно (и всушност другата страна е таа што изврши злосторства) да ги вратат своите скапоцени ‘Нобели’ за да […]

Нови сознанија: Лекарите веќе не брзаат да ги ставаат пациентите на респиратори


Лекарите од многу држави ги потенцираат ризиците од употреба на механичките вентилатори премногу рано или премногу често. Главниот ризик е дека респираторите ќе ги оштетат белите дробови на пациентите   Берлин – Кога му бил дијагностициран Ковид-19, Андре Бергман точно знаел каде сака да се лекува: болничката клиника за белите дробови „Бетаниен“ во Моерс, во […]

(Видео) Плажите во Калифорнија полни – како да не е пандемија


Голем број луѓе поради летните температури заминаа на плажите во Калифорнија покрај апелите на властите да продолжат да ги практикуваат мерките за социјално дистанцирање. Илјадници луѓе во текот на викендот се најдоа на плажите во Њупорт и Хантингтон, покрај наредбите да останат дома. #Coronavirus, in #California pienone sulle spiagge senza divieto di accesso. https://t.co/IKeiNHBxfc — […]

Дневниот биланс на починати продолжува да се намалува во Франција


Со 242 смртни случаи за 24 часа, дневниот биланс н а починати од вирусот Ковид-19 јасно се намалува, со што продолжува да се намалува притисокот врз француските болници. Од епидемијата до вечерва починаа вкупно 22.856 лица во Франција. Според денешните бројки од здравствените власти се потврдува тенденцијата на намалување на бројот на пациентите на интензивна […]

Во Италија бројот на починатите падна под 300


Бројот на смртни случаи од корона вирусот во Италија и понатаму паѓа – и овој пат значително – денес има 260 жртви, 155 помалку од вчера. Никогаш немало помалку од 300 починати од 15 март. Еден месец и 10 дена подоцна Италија се враќа надолу со надеж дека тој пад во наредниот период ќе биде […]

Трамп сака да го смени министерот за здравство


Администрацијата на претседателот Доналд Трамп разгледува можност за оставка на министерот за здравство Алекс Азар, соопшти синоќа „Политико“, повикувајќи се на свои извори. Според изданието, на негово место може да дојдат координаторот во Администрацијата за борба со коронавирусот, Дебора Биркс, раководителот на државната здравствена помош Медикеар, Сима Верма, или првиот заменик во министерството, Ерик Харган. […]

Албанија од утре почнува со олеснување на рестриктивните мерки


Албанија од утре ќе почне со постепено олеснување на дел од рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на Ковид-19. Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу, изјави дека стратегијата за постепено отворање е подготвена од Техничкиот комитет на експерти. Оваа стратегија предвидува четири фази за постепено олеснување на мерките, кои се тесно поврзани со еволуцијата […]

(Галерија) Америка среде пандемијата на корона вирусот


Америка е заглавена меѓу стравот од корона вирусот и желбата да се излезе надвор и да се отвори економијата. Претседателот Доналд Трамп и гувернерите на државите даваат помешани сигнали кога може да почне отворањето на земјата. До неделата попладне на 26 април по средноевропско време, во САД имаше 940.000 инфицирани луѓе од Ковид-19 и 54.000 […]

Германија е против брзо отворање на туризмот


Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, предупреди дека не треба премногу брзо да се отворат туристичките дестинации, велејќи дека Европа треба да се согласи на заедничкиот пат за враќање на слободата на патувањето. „Европска трка за да се види кој прв ќе дозволи туристички патување ќе доведе до неприфатливи ризици“, изјави Мас за весникот […]

Орбан го направи државна тајна чинењето на пругата Белград -Будимпешта


Унгарската влада предизвика гнев во јавноста обидувајќи се да ги направи деловна тајна деталите за железничкиот проект финансиран од кинески државни пари, во време кога коронавирусот го запре градењето во земјата.   Патувањето со воз од Будимпешта кон Белград дава чувство на патување низ времето. Возењето трае осум часа – исто како и пред 150 […]

Шпанија забележа најмал број мртви последниов месец


Шпанија денеска објави дека бројот на починати од корона вирусот е на најниско ниво во последниов месец – 288 во последниве 24 часа. Со тоа бројот на смртни случаи се искачи од 22.902 на 23.190. Вкупниот број на инфицираните од корона вирусот сега e 207.634, што е за 1.729 повеќе. Бројката на излекуваните денеска денеска […]