„Џонсон и Џонсон“ прекинува со продажба на бебешка пудра со талк


Американската корпорација Џонсон и Џонсон (Johnson&Johnson) најави дека ќе престанат со продажба на пудра за бебиња што содржи талк во САД и Канада. Тие најавија дека постепено ќе ја прекинат продажбарта на продуктот во следните месеци.

Поднесени се повеќе од 16.000 судски тужби против Џонсон и Џонсон, во кои тужителите тврдат дека производите што содржат талк, вклучително и бебешката пудра, им предизвикале карцином.

Компанијата наведува дека ја гарантираат безбедноста на своите производи, повикувајќи се на „децении на истражување“.