СЗО: Во последните 24 часа регистрирани најмногу новозаразени од почетокот на пандемијата


Во последните 24 часа во светот се регистрирани 106.000 нови случаи на заразени со коронавирусот, што е најголем дневен пораст на заразени од почетокот на пандемијата.

Ова денеска го соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој додаде дека две третини од тие случаи се регистрирани во четири земји.