Рекорден број на смртни случаи од Ковид-19 во Русија


Во изминатите 24 часа во Русија, од последици од Ковид-19 починаа 135 лица, што е најголем број починати од почетокот на епидемијата во таа земја.

Здравствените власти информираа за вкупно 2.972 смртни случаи, додека бројот на заразени се искачи на 308.705 лица, откако во последното деноноќие беа регистрирани 8.764 нови случаи, што пак е најниско дневно зголемување на бројот на инфицирани од 1 мај.