Шефот на НАСА задолжен за летови со човечки екипаж поднесе оставка


Шефот на Одделот за човечкиот вселенски летови на НАСА, Даг Ловеро синоќа поднесе оставка, една недела пред агенцијата да ги исорати астронаутите од САД на Меѓународната вселенска станица (ISS) за првпат од 2011 година.

Во е-маил до колегите, Ловеро не ја наведе точната причина зошто заминува, истакнувајќи дека заминува „заради лични постапки“ и ризиците што ги презел за исполнување на роковите на агенцијата до 2024 година.

„Со текот на времето, стана јасно дека не сум во право, затоа морам да ги сносам последиците“, напиша Ловеро.

Во интерен допис испратен до вработените се вели дека Ловеро ќе биде заменет со поранешниот астронаут Кен Бурхокс додека не најдат постојана замена.