Бајден откри каков прекар му дал на Трамп


Кандидатот на Демократите за претседател на САД Џо Бајден го откри прекарот кој го смислил за неговиот главен ривал – сегашниот американски претседател, велејќи дека Доналд Трамп е „претседател Твити“, алудирајчи на името на малата жолта птица од цртаните филмови, но и на честите твитови на Трамп на Твитер, пренесуваат американските и британските медиуми.

Само една недела откако јавно тврдеше дека нема да му дава прекари на претседателот, Бајден откри дека Трамп го нарекувал „Претседател Твити“.

Трамп утрово повторно твитна нешто и јас го нарекувам „Претседател Твити“, рече поранешниот потпретседател на САД, потенцирајќи дека Трамп мора да се фокусира на проблемите, наместо да троши време на Твитер, како и да го забрза ослободувањето на средствата од новиот пакет за закрепнување на земјата од корона кризата.

Бајден порача дека на земјата повеќе од кога било и е потребен сериозен лидер и дека земјата мора да се отвори, но тоа не е можно додека Трамп седи на парите на бизнисмените и твита, објави Танјуг.

Трамп, кој е честа мета на социјалните платформи, го нарекува Бајден „Заспаниот Џо“, со цел да посочи дека нема кондиција и енергија за позицијата за која се кандидира.

Претседателот на САД сè уште не го коментирал прекарот што му го дал Бајден, но медиумите проценуваат дека Трамп веќе е господар на давање прекари.

На самиот почеток на политичката кариера на Трамп, „етикетите“ беа резервирани за конкурентите.

Така, некогашниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, Трамп го нарече „килав“, сенаторот Круз „лажливиот Тед“, а Руби „малиот Марко“.

Сопругата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон стана „корумпирана“ и „бездушна“ Хилари.

Се паметат и прекарите што им ги даде на противкандидатите: „Лудиот Берни Сандерс“ и „мини Мајкл Блумберг“, но и „Покахонтас Елизабет Ворен“, поради алузијата кон нејзиното домородно потекло.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун беше наречен „Рокетмен“ заради честите лансирања ракети во таа земја, а сирискиот претседател Башар ал Асад, кога се обиде да го собори, беше наречен „животното Асад“.