Градоначалникот на Будимпешта обвинет за Парадата на гордоста


Унгарските обвинители подигнаа обвинение против либералниот градоначалник на Будимпешта, Гергели Карачони, за неговата улога во организирањето на митинг за правата на ЛГБТК+, барајќи парична казна без судење, соопштија тие во среда. Десетици илјади луѓе маршираа низ Будимпешта минатиот јуни и покрај полициската забрана, што ја направи Парадата на гордоста една од најголемите демонстрации против владата …

Градоначалникот на Будимпешта обвинет за Парадата на гордоста Read More »

Бура ја пустоши Португалија. Стотици илјади без струја, дрвја паднаа врз автомобили…


Бурата Кристин остави повеќе од 800.000 луѓе во централна и северна Португалија без струја утрово, соборувајќи дрвја и електрични столбови, оштетувајќи куќи и нарушувајќи го сообраќајот на автопатите и железниците пред да се прошири во внатрешноста на Шпанија, соопштија властите. Најмалку едно лице загина кога дрво падна врз автомобил во Вила Франка де Ксира, на …

Бура ја пустоши Португалија. Стотици илјади без струја, дрвја паднаа врз автомобили… Read More »

Фицо бил шокиран од менталната состојба на Трамп при нивната средба


  Словачкиот премиер Роберт Фицо им кажал на лидерите на ЕУ на самитот дека неговиот разговор со Доналд Трамп го оставил шокиран од менталната состојба на американскиот претседател, според пет европски дипломати запознаени со разговорот, цитирани од „Политико“. Дипломатите додадоа дека Фицо го употребил зборот „опасен“ за да опише како изгледал американскиот претседател за време …

Фицо бил шокиран од менталната состојба на Трамп при нивната средба Read More »

Туристите масовно одбегнуваат да патуваат во САД


Оваа година американскиот туризам требаше да цвета. САД не само што ја слават 250-годишнината од својата независност и стогодишнината од легендарниот автопат Route 66, туку се и ко-домаќини на Светското првенство. Под нормални околности, секој од овие настани би донел насмевки на лицата на американските хотелиери и авиокомпании, пишува Би-би-си. Сепак, настаните од изминатата година …

Туристите масовно одбегнуваат да патуваат во САД Read More »

Европа ги затвора вратите, Шпанија ги отвора: Половина милион мигранти добиваат документи со кралски декрет


Левичарската влада на Шпанија одобри план за забрзана постапка што ќе им овозможи на до 500.000 мигранти без регуларен статус да аплицираат за легален престој, претежно од Латинска Америка и Африка. Овој потег претставува една од најголемите регуларизирања во Европа во последните години и е спротивен на поширокиот тренд во кој многу европски влади заземаат …

Европа ги затвора вратите, Шпанија ги отвора: Половина милион мигранти добиваат документи со кралски декрет Read More »

Се запали луксузен хотел во Француските Алпи


Десетици луѓе беа евакуирани откако синоќа пожар зафати хотел со пет ѕвезди во скијачкиот центар Куршевел во Француските Алпи. Никој не е повреден во пожарот што избувна на таванот на хотелот „Хотел де Грандес Алпи“ околу 19 часот, соопшти префектурата на регионот Савоја на својата веб-страница. 🔥 Courchevel : incendie en cours dans un hôtel …

Се запали луксузен хотел во Француските Алпи Read More »

Калас: Ветото на една земја не смее да ја одредува политиката на целата ЕУ


Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, денес предупреди дека Европската Унија мора да престане да толерира ситуации во кои една земја-членка ја забавува или блокира заедничката политика со своето вето, особено кога станува збор за Русија и безбедносни прашања. Калас истакнува дека Европа може да биде премногу бавна и дека правилото за едногласност честопати …

Калас: Ветото на една земја не смее да ја одредува политиката на целата ЕУ Read More »

Директна порака од Анкара до Вашингтон: Не го понижувајте Иран ако сакате мир на Блискиот Исток


Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан предупреди дека нов конфликт со Иран би бил голема грешка, нагласувајќи дека Техеран е подготвен да се врати на преговорите за нуклеарната програма. Во ексклузивно интервју за Ал Џезира, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан испрати јасна порака до меѓународната заедница, особено до САД, во врска со …

Директна порака од Анкара до Вашингтон: Не го понижувајте Иран ако сакате мир на Блискиот Исток Read More »

Новинарите забележаа нов бизарен детаљ во Белата куќа: Фотографијата со Путин добива посебно место


Бројни новинари кои известуваат од Белата куќа забележаа уште еден нов детаљ за кој е одговорен Доналд Трамп, а многумина го опишаа како доста бизарен. Имено, американската новинарка Елизабет Ландерс објави фотографија од лобито на Белата куќа, на која може да се видат две фотографии. „Исто така, нешто што го забележав во лобито што го …

Новинарите забележаа нов бизарен детаљ во Белата куќа: Фотографијата со Путин добива посебно место Read More »

Поранешната прва дама на Јужна Кореја осудена за корупција


Поранешната прва дама на Јужна Кореја, Ким Кеон Хи, денеска беше осудена на 20 месеци затвор за поткуп, јави ДПА. Окружниот суд во Сеул ја прогласи сопругата на поранешниот претседател Јун Сук Јеол за виновна за прифаќање на неколку луксузни подароци и злоупотреба на нејзината позиција за лична корист. Оваа 53-годишна жена беше ослободена од …

Поранешната прва дама на Јужна Кореја осудена за корупција Read More »

Зошто кинескиот лидер го жртвуваше својот најблизок сојузник во војската?


Кинескиот претседател Си Џинпинг го смени генералот Џанг Јуксија, еден од најмоќните луѓе во војската. Според „Волстрит џурнал“, Џанг, некогаш најдоверлив сојузник на Си и втор човек по команда во Централната воена комисија (ЦВО), е под истрага за протекување на класифицирани информации за нуклеарната програма на Кина, како и за примање мито и злоупотреба на …

Зошто кинескиот лидер го жртвуваше својот најблизок сојузник во војската? Read More »

Агенти на ИЦЕ се обиделе да влезат во Конзулатот на Еквадор во Минеаполис


Еквадорското Министерството за надворешни работи на Еквадор тврди дека агенти на американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ) вчера се обиделе да влезат во Конзулатот на Еквадор во Минеаполис, но оти биле спречени од персоналот. Поради тоа еквадорското МНР испрати протестна нота до Амбасадата на САД во Кито, барајќи да не се повторуваат такви инциденти. …

Агенти на ИЦЕ се обиделе да влезат во Конзулатот на Еквадор во Минеаполис Read More »

Трамп: Уште една прекрасна армада во моментов плови кон Иран


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „уште една“ американска воена флота е на пат кон Иран. „Патем, има уште една прекрасна армада која во моментов прекрасно плови кон Иран. Па, ќе видиме“, рече Трамп вчера во говор во американската држава Ајова. Не беше веднаш јасно дали Трамп мислеше на носачот на авиони УСС Абрахам Линколн …

Трамп: Уште една прекрасна армада во моментов плови кон Иран Read More »

Извештај: Двајца полицајци пукале кон Прети во убиството во Минеаполис


 Првиот сеопфатен официјален извештај на американските безбедносни власти за фаталното пукање врз американскиот државјанин Алекс Прети во Минеаполис покажува дека двајца полицајци пукале кон него, објавија вчера американските медиуми. Медиумите, пренесува ДПА, вклучувајќи ги „Њујорк тајмс“ и „Си-Би-ЕС Њуз “, објавија дека агент на американската гранична патрола првично отворил оган врз Прети, а потоа и …

Извештај: Двајца полицајци пукале кон Прети во убиството во Минеаполис Read More »

Во Холандија на повидок малцинска Влада на десниот центар


Социјал-либералната партија Демократи 66 (Д66), конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) и демохристијанската Христијански демократски повик (ЦДА) доцна синоќа постигнаа договор за главните точки од програмата на нивната идна малцинска коалициска Влада. Според холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС, договорот е постигнат по интензивните преговори во последните неколку дена на лидерите на трите партии, …

Во Холандија на повидок малцинска Влада на десниот центар Read More »

АФЕТ ќе гласа за Стратегијата за проширување на ЕУ


Членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска треба да се изјасни по Извештајот за Стратегијата за проширување на ЕУ на литванскиот либерален европратеник Петрас Ауштревичиус. Овој Извештај дава оценка на соодветноста и релевантноста на моменталната политичка позиција на ЕУ за проширувањето и методологијата што ја применува Комисијата, проценувајќи го целокупниот напредок во …

АФЕТ ќе гласа за Стратегијата за проширување на ЕУ Read More »

Зеленски е подготвен да се сретне со Путин за територијалните прашања


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен лично да се сретне со Владимир Путин за да разговара за нерешените прашања во врска со териториите и контролата врз нуклеарната централа „Запорожје“. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха го изјави ова во интервју за „Европска правда“. „Претседателот е подготвен да се сретне со Путин и да …

Зеленски е подготвен да се сретне со Путин за територијалните прашања Read More »

Киев: Руските преговарачи се променија, не ни држат веќе историски предавања!


Руската делегација во тековните мировни преговори со Украина претрпе „квалитативна промена“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во интервју за „Европска правда“. Коментарите доаѓаат во време на обновени дипломатски напори меѓу Украина, Русија и САД, кои Сибиха ги опиша како „комплицирани“ поради обновениот притисок од претседателот Доналд Трамп за прекин на војната. Следната …

Киев: Руските преговарачи се променија, не ни држат веќе историски предавања! Read More »

Демократите му поставија ултиматум на Трамп: Смени ја Ноем или ние ќе ја смениме!


Највлијателните демократи во Претставничкиот дом  му рекоа на претседателот Доналд Трамп да ја отпушти Кристи Ноем или ќе започнат постапка за импичмент против секретарката за внатрешна безбедност, како одговор на убиството на Алекс Прети во Минеаполис за време на викендот. Ултиматумот дојде откако мнозинството од демократската група во Претставничкиот дом се  потпишаа на барањето за …

Демократите му поставија ултиматум на Трамп: Смени ја Ноем или ние ќе ја смениме! Read More »

Француската влада преживеа уште две гласања за недоверба


Малцинската влада на Франција денеска преживеа уште две гласања за недоверба во Националното собрание, кои беа предизвикани од спор околу буџетот. Од 577 пратеници, 267 гласаа против поддршката на центристичкиот кабинет на Себастијан Лекорну на првото гласање и 140 на второто. На опозицијата ѝ беа потребни 289 гласови за мерката да помине. Лекорну веќе се …

Француската влада преживеа уште две гласања за недоверба Read More »