Руски дрон погодил кинески брод во Украина
Руски дрон рано утринава погоди трговски брод во кинеска сопственост кој пловел под знамето на Маршалските Острови, соопшти портпаролот на украинските военопоморски сили.
Пловниот објект во моментот на нападот бил без товар и пловел кон пристаниште во Одеската област за да натовари концентрат од железна руда.
На бродот не му се нанесени значителни штети, нема повредени, а пожарот предизвикан од ударот бил брзо изгаснат од страна на екипажот. Иницидентот се случи во момент кога се разговара за претстојна посета на рускиот претседател Владимир Путин на Кина.
„Русите не можеа да не знаат каков брод се наоѓа во морето“, напиша од своја страна украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалната мрежа Икс.