Израелците протестираа против власта оддалечени на два метри


Повеќе од 2.000 Израелци стоеја вчера  на  два метри оддалеченост еден од друг на плоштадот Рабин во Тел Авив  во знак на протест против она што го сметаат за ерозија на демократијата во време на корона вирусот од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесува Хаарец. Демонстрациите „Црното знаме“, кои започнаа во март, се одговор на […]

Познат бугарски новинар усмртен од џип на семафор


Познатиот ТВ-презентер Милен Цветков почина во сообраќајна несреќа во Софија, јави Нова ТВ.  Според првичните информации, новинарот бил во автомобил и чекал на црвен семафор кога џип се удрил во него со голема брзина. Новинарот се здобил со повеќе повреди и починал на патот кон болницата, јавуваат телевизиите. Околу инцидентот е задржан 22-годишниот возач кој […]

Демант од Бигорски: Во манастирот имаше монаси, монахињи, верници волонтери, штитеници


Од Бигорскиот манастир ги отфрлија наводите дека таму синоќа не се почитувале препораките на властите и дека верниците го прекршиле полицискиот час, како и дека биле доведени во опасност од зараза. Ви го пренесуваме во целост: „Почитувани новинари, верници и сограѓани, Бидејќи денеска во некои медиуми се појавија написи на одредени слабо информирани и недоволно […]

Излечени 15 пациенти, новозаразени 37, двајца починати


Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Потврдени се нови 37 случаи на корона вирус во земјава, соопшти Министерството за здравство. – Скопје 8 – Куманово 9 – Прилеп 5 – Тетово 3 – Велес 3 – Охрид 8 – Кочани 1 Починаа двајца […]

Г.Г. Стефан: Поминуваме низ период кој бара послушност и воздржување


Велигден, денот на Христовото Воскресение, е празник на победата и празник на животот, порача Г.г. Стефан на полноќната литургија што се одржа во тесен круг во Соборната црква. Тој притоа повика овој празник да не потсети да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелство, во овој свет во кој човештвото во голема […]

Интервју – Насер Нуредини: Полицискиот час ги намали азотните оксиди


Потребни ни се големи инвестиции во обновливи извори на енергија. Мораме да го развиеме производството на енергија од соларни извори, потенцијално и ветар, како и стратешко инвестирање во големи хидропотенцијали, вели Насер Нуредини, министер за животна средина   Љупчо Поповски Министерот за животна средина, Насер Нуредини, вели дека намалувањето на азотните оксиди за време на […]

Владата најави: Сите ќе носиме маски, движењето уште повеќе ќе се редуцира


Пензиите ќе се даваат во групи, во супермаркетите ќе мора да носат заштитна облека, сите граѓани ќе треба да носат маски, а Куманово, Прилеп и Тетово ќе се стават под посебен режим. Само еден член од семејство ќе може да купува храна и лекови, сите медиуми ќе мораат да ги емитуваат информативните пораки на Владата,ќе […]

Од среда се забранува шетање без маска во Куманово, Прилеп и Тетово


Владата на денешната седница донесе одлука од 22 април населението на Куманово, Тетово и Прилеп задолжително да носи маски (или марами). За оние што нема да ги носат ќе им биде забрането движењето надвор од нивните домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или […]

Нема починати од ковид-19, излекувани уште 25, новозаболени 53


Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови. Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – […]

Филипче: Ковид-19 ќе го преуреди секој здравствен систем


Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната конференција посветена на ретроспективата од почетокот на пандемијата од корона вирусот, рече дека сите здравствени системи се соочија со еден нов предизвик и дека тој неминовно ќе ги преуреди во иднина. Филипче смета дека здравствените системи ќе мора да се прилагодат на новиот корона вирус, и да постојат […]

Почнува исплатата на 30 милиони евра субвенции за над 19 илјади тутунопроизводители


На сметките на над 19 илјади тутунопроизводители денес се префрлени околу 30 милиони евра субвенции за реколтата од 2019 година, соопштија денес на прес конференција министерите за земјоделство Трајан Димковски, за финансии Нина Ангеловска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никочле Бабовски. Тутунарите кои имааат платежни картички парите ќе […]

Г.Г. Стефан: Покажете трпение, молете се за болните


Празникот на Христовото воскресение не потсетува да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелен живот и кон љубовта, која е најголема сила. Но таа е силна само тогаш кога е во заедништво со Христа и со Неговата неизмерна љубов, кога станува наше сведоштво и наш начин на живеење, истакнува во Велигденското обраќање […]

Велигденска честитка на американската амбасадорка Брнс


Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнс упати честитка до верниците по повод Велигденските празници упатувајќи порака, во овие околности со коронавирусот да останат дома и да бидат здрави. – Во ова време на обнова и надеж со Велигден, Пасха и Рамазан, од моето семејство за вашето ви посакуваме на сите се најдобро. Останете дома, останете […]

Димитриевски: Никого не сум загрозил со моето однесување


Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во денешната објава на Фејсбук профилот, вели дека поради големиот број информации кои излегле во јавноста дека тој и членовите на штабот наводно биле неодговорни кон заедницата, изјавува дека во ниту еден момент не дозволил да загрози нечие здравје. – Во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со […]

(Галерија) Верници во Соборниот храм


На Велипеток, денот на погребот на Исус Христос, годинава во црквите се собраа малкумина, поради рестриктивните мерки за заштита од ширење на корона вирусот. Свештениците ги извршија сите обреди, а верниците запалија свеќи. Се внимаваше на растојанието, немаше групирања, но денот се одбележа. Нашиот фоторепортер Борис Грданоски ги забележа најкарактеристичните моменти на чествување на велигденските […]

Тимотеј: Да беше до лажичето, свештенството ќе изумреше


Митрополитот Тимотеј не се согласува дека причестувањето е главниот проблем околу епидемијата со корона вирусот, бидејќи да беше така, смета тој, свештенството одамна ќе изумреше. -Не е причеста зараза, не е лажичето, туку човекот…Ние имаме некогаш по илјада верници што се причествуваат, а кој знае какви болести има некој од нив. Да зависеше од тоа […]

Извидници прават ред пред продавниците во Карпош


Од утрово пред продавниците во Општина Карпош извидници се грижат за одржување на редот. За претстојниот викенд Владата одлучи да воведе 85 часовен карантин, односно од 16 часот попладнево до 5 наутро во вторник. Имајќи предвид дека три дена граѓаните треба да останат дома, а викендов е и Велигден, сите побрзаа да купат што е […]

Клучните шест дена кога Кина молчеше за заразата од корона вирусот


Обидот на Кина да чекори на танката линија помеѓу алармирање на јавноста и избегнување паника, ја постави сцената за пандемијата што зарази повеќе од два милиони луѓе и однесе повеќе од 145.000 животи, пишува во опсежната приказна АП   Шест дена откако врвните кинески функционери тајно утврдија дека најверојатно се соочуваат со пандемија од нов […]

Спасовски: Ниту јас ниту некој од владиниот тим беше известен за тестовите во општинскиот кризен штаб пред состанокот во Куманово


Премиерот Оливер Спасовски вечерва изјави дека ниту кој било од владиниот тим што вчера беше на состанок во Куманово не бил известен дека на членовите на општинскиот кризен штаб претходно им било направено тестирање за корона вирус. „Доколку знаевме дека градоначалникот Максим Димитриевски и други лица од кризниот штаб на Куманово чекаат резултати за коронавирусот, […]

Филипче: Мали се шансите да се заразам, но ќе работам од дома


Мали се шансите сите што вчера присуствувале на седницата на Кризниот штаб во Куманово да се заразиле со ковид-19, откако се потврди дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е позитивен на корона вирус, тврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој вечерва во живо се вклучи од дома, преку видео-врска за да ја одржи редовната прес-конференција […]