(Галерија) Урнатиот хеликоптер на МВР чека увид


Допрва ќе се истражува како дошло до несреќата на скопскиот аеродром во која се урна полициски хеликоптер, дознава Независен.мк.

Нашиот фоторепортер Борис Грданоски беше на лице место на несреќата. Не беше дозволено фотографирање одблизу зашто допрва припадници на полицијата треба да направат увид.

На местото на несреќата интервенирало противпожарно возило кое спречува избувнување пожар од превртениот хеликоптер.

Неофицијално, во несреќата бил полесно повреден еден член на екипажот на хеликоптерот.

Несреќата се случила околу 11 часот, кога, неофицијално хеликоптерот се превртел по слетувањето, во време кога екипажот биле во кабината.