Тетово ново жариште на заболени од Ковид-19


Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Вчера беа регистрирани 36 нови случаи, со што вкупниот број дијагностицирани од почетокот на епидемијата, досега, достигна 1.622, а има и 419 активни случаи. Со вчера објавените од Институтот за јавно здравје, 12 новопотврдени случаи во Тетово и вкупна бројка од 108 дијагностицирани и […]

Србија ни врачи протестна нота за марката со Голема Хрватска


Српското Министерството за надворешни работи денеска му врачи протестна нота на амбасадорот на Република Северна Македонија во Белград, по повод печатењето и објавувањето на поштенска марка на која се наоѓа географска карта на фашистичката Независна држава Хрватска (НДХ), соопштија од министерството. Како што јави дописникот на МИА од Белград, српското МНР побара спорната поштенска марка […]

Денот на Европа го дочекавме со одлука за преговори


Денеска е 9 Мај Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во основањето на Европската Унија. Денот на Европа оваа година земјава го дочека […]

Интервју со амбасадорката на САД Кејт Брнз: Треба да се гордеете како одговоривте на кризата


Американската амбасадорка вели дека е важно е кога ќе влеземе во новата фаза на кризата, со сите предизвици околу обновувањето на економијата, да имаме целосно функционален парламент и влада што ќе ја преставува волјата на граѓаните   Слободанка Јовановска Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнз, го оцени како робусен ангажманот на амбасадата на САД […]

Остри рекации на Османи и Филипче за Струга, бараат истрага и одговорност


Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за здравство, Венко Филипче, во остри реакции вечерва побараа одговорност и истрага кој дозволил и допуштил за време на вонредната состојба масовен црковен собир во Струга. „Во градот каде што смртноста од вирусот е 20 отсто од бројот на заразените, ова е највисоко ниво на неодговорност. Сега […]

СДСМ бара оставка од Наќе Чулев поради литијата во Струга и чадната бомба во Скопје


Владејачката партија вечерва побара оставка од техничкиот министер за вантрешни работи, Наќе Чулев, поради масовниот црковен собир во Струга во време на вонредна состојба, но и за инцидентот на прославата на Денот на полицијата, кога чадна бомба за време на вежбата падна на местото каде што беа претставниците на дипломатскиот кор во земјава. „СДСМ бара […]

На уставниот судија Владимир Стојаноски му завршил мандатот


На Владимир Стојаноски (59), судија со најдолг стаж во Уставниот суд на 13 април му завршил мандатот, но тој поради воведувањето на првите 30 дена на вонредната состојба на 18 март му е продолжен мандатот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во вечерашново гостување на Телма соопшти дека претседателот на Уставниот суд два пати го известувал […]

Сретеново е мојот егзил, мојата последна животна станица: Интервју со Игор Џамбазов


Лејла Сабит Светот во кој живееме е одамна карантин. Се надевам дека ова зло што не снајде ќе не поправи како личности, ќе не направи одговорни граѓани на светот. Ќе не научи да го цениме многу повеќе она што го имаме, ама сме престанале да бидеме свесни за тоа. Семејството, љубовта, пријателите, добрата музика, книги, […]

Европа е пред „рецесија од историски размери“


Економијата во сите земји на еврозоната ќе има голем пад, најмал во Луксембург од    -5,4 отсто. За опоравувањето ќе бидат потребни најмалку две години оценува Европската комисија   Економијата на еврозоната се очекува да се намали за 7,75 проценти оваа година, како резултат на корона вирусот, контракција што ја засени најлошата финансиска криза во […]

(Галерија) Полицијата во одбрана на здравјето


Со показни вежби од страна на Единиците на МВР, доделување плакети за посебен придонес за вработени во МВР и плакети за благодарност до претставниците на Дипломатскиот кор, како и со оддавање на почит на спомен обележјата на загинатите бранители со положување свежо цвеќе, денеска, 7 мај во кругот на МВР и Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ […]

Се зголеми бројката на новозаразени: Денеска 33 нови, 22 оздравени и еден починат


Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 22 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. – Скопје 2 – Куманово 6 – Штип 3 – Прилеп 7 – Тетово 1 – Струга 1 – Кочани 2 Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, […]

Шекеринска: Очекуваме годинава целосно да започнат преговорите со ЕУ


Очекуваме уште во текот на оваа година целосно да започнат преговорите за членство на земјава во ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговорајќи на  новинарско прашање, зошто на Самитот ЕУ и Западен Балкан фокусот беше ставен на пандемијата, а не на проширувањето. – Пред пет години или пред 10 години ќе ни беше битен […]

Филипче: Утре ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките


Во овој момент рано е да се каже дали има услови за одржување избори и сето тоа, заедно со враќањето на сите тие процеси ќе зависи од препораките на стручните лица, изјави министерот за здравство Венко Филипче во денешното гостување во емисијата „Здраво Македонија“ на Канал 5. – Ќе почекаме да видиме какви ќе бидат […]

Политиката бара асистенција од здравствените власти за изборите


На 16 мај, кога се очекува да заврши вонредната состојба, ќе се заокружат точно три месеци од распуштањето на парламентот, наспроти уставно предвидените максимум  60 дена за одржување предвремени избори   Решението на Уставниот суд да не покрене постапка за оценување на Одлуката за распуштање на парламентот не смени ништо суштински во однос на  моментално […]

Што стои во Загрепската декларација за споровите на Македонија?


Лидерите на земјите членки на ЕУ, првите луѓе на Европскиот Совет, на Европскиот Парламент и на Европската Комисија, како и шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан донесоа и прифатија заедничка декларација од Самитот на ЕУ за Западен Балкан, во која ЕУ уште еднаш ја потврди својата недвосмислена поддршка за европската перспектива […]

Уставниот суд нема да го активира Собранието


Уставните судии денеска ја ставија ад акта расправата дали Собранието може да повторно да заседава откако пратениците се самораспуштија – на работен состанок беше разгледана иницијативата на судијата Осман Кадриу и беше заземен едногласен став дека не постојат услови за нејзино прифаќање. Кадриу преку иницијативата побара поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста […]

ДУИ со два услова за избори – да не се загрози здравјето на граѓаните и да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР


Ставот на ДУИ во врска со изборите е дека треба да се исполнат два критериуми за одржување на избори. Односно, изборите би можеле да се одржат било кога, доколку се исполнат два услова – едниот е Комисијата за заразни болести да каже дека таков процес нема да загрози здравје на граѓаните и второ – ОБСЕ/ОДИХР […]

Општина Центар победи – Уставен потврди дека законски е донесен ДУП-от за Градска четврт „Даре Џамбаз“


Уставниот суд ја потврди законитоста при носењето на ДУП-от Градска четрвт И 04 – Даре Џамбаз во Општина Центар и донесено е решение со кое се одредува дека нема да се поведе постапка, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Со ова се отфрлува Иницијативата поднесена од ССИ Инвестмент ДООЕЛ Скопје. – Би сакал да […]

Бектеши: Досега над 19.000 компании поднесоа барања за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај


Над 19.000 компании досега поднесоа барања до Управата за јавни приходи за мерката за исплата на финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај во износ до 14.500 денари месечно по вработен, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Во изминатите два месеца како резултат на негативните последици кои ги предизвика коронавирусот КОВИД-19 […]

ЕУ денес ќе даде над три милијарди евра помош за регионот


Премиерот Оливер Спасовски денес ќе учествува на видео самитот ЕУ-Западен Балкан, именуван како Загребски, за да се одбележи хрватското претседателствување и фактот дека за првпат во овој формат се одржа самит во хрватската престолнина. Главна тема на самитот ќе биде помошта што ЕУ ќе ја даде на регионот за да се справи со кризата со […]