Почнува исплатата на 30 милиони евра субвенции за над 19 илјади тутунопроизводители


На сметките на над 19 илјади тутунопроизводители денес се префрлени околу 30 милиони евра субвенции за реколтата од 2019 година, соопштија денес на прес конференција министерите за земјоделство Трајан Димковски, за финансии Нина Ангеловска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никочле Бабовски. Тутунарите кои имааат платежни картички парите ќе […]

Г.Г. Стефан: Покажете трпение, молете се за болните


Празникот на Христовото воскресение не потсетува да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелен живот и кон љубовта, која е најголема сила. Но таа е силна само тогаш кога е во заедништво со Христа и со Неговата неизмерна љубов, кога станува наше сведоштво и наш начин на живеење, истакнува во Велигденското обраќање […]

Велигденска честитка на американската амбасадорка Брнс


Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнс упати честитка до верниците по повод Велигденските празници упатувајќи порака, во овие околности со коронавирусот да останат дома и да бидат здрави. – Во ова време на обнова и надеж со Велигден, Пасха и Рамазан, од моето семејство за вашето ви посакуваме на сите се најдобро. Останете дома, останете […]

Димитриевски: Никого не сум загрозил со моето однесување


Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во денешната објава на Фејсбук профилот, вели дека поради големиот број информации кои излегле во јавноста дека тој и членовите на штабот наводно биле неодговорни кон заедницата, изјавува дека во ниту еден момент не дозволил да загрози нечие здравје. – Во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со […]

(Галерија) Верници во Соборниот храм


На Велипеток, денот на погребот на Исус Христос, годинава во црквите се собраа малкумина, поради рестриктивните мерки за заштита од ширење на корона вирусот. Свештениците ги извршија сите обреди, а верниците запалија свеќи. Се внимаваше на растојанието, немаше групирања, но денот се одбележа. Нашиот фоторепортер Борис Грданоски ги забележа најкарактеристичните моменти на чествување на велигденските […]

Тимотеј: Да беше до лажичето, свештенството ќе изумреше


Митрополитот Тимотеј не се согласува дека причестувањето е главниот проблем околу епидемијата со корона вирусот, бидејќи да беше така, смета тој, свештенството одамна ќе изумреше. -Не е причеста зараза, не е лажичето, туку човекот…Ние имаме некогаш по илјада верници што се причествуваат, а кој знае какви болести има некој од нив. Да зависеше од тоа […]

Извидници прават ред пред продавниците во Карпош


Од утрово пред продавниците во Општина Карпош извидници се грижат за одржување на редот. За претстојниот викенд Владата одлучи да воведе 85 часовен карантин, односно од 16 часот попладнево до 5 наутро во вторник. Имајќи предвид дека три дена граѓаните треба да останат дома, а викендов е и Велигден, сите побрзаа да купат што е […]

Клучните шест дена кога Кина молчеше за заразата од корона вирусот


Обидот на Кина да чекори на танката линија помеѓу алармирање на јавноста и избегнување паника, ја постави сцената за пандемијата што зарази повеќе од два милиони луѓе и однесе повеќе од 145.000 животи, пишува во опсежната приказна АП   Шест дена откако врвните кинески функционери тајно утврдија дека најверојатно се соочуваат со пандемија од нов […]

Спасовски: Ниту јас ниту некој од владиниот тим беше известен за тестовите во општинскиот кризен штаб пред состанокот во Куманово


Премиерот Оливер Спасовски вечерва изјави дека ниту кој било од владиниот тим што вчера беше на состанок во Куманово не бил известен дека на членовите на општинскиот кризен штаб претходно им било направено тестирање за корона вирус. „Доколку знаевме дека градоначалникот Максим Димитриевски и други лица од кризниот штаб на Куманово чекаат резултати за коронавирусот, […]

Филипче: Мали се шансите да се заразам, но ќе работам од дома


Мали се шансите сите што вчера присуствувале на седницата на Кризниот штаб во Куманово да се заразиле со ковид-19, откако се потврди дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е позитивен на корона вирус, тврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој вечерва во живо се вклучи од дома, преку видео-врска за да ја одржи редовната прес-конференција […]

Спасовски: Одам во изолација, Владата ќе функционира непречено


Премиерот  Оливер Спасовски преку видео порача дека по препорака на епидемиолозите оди во домашна изолација, но дека  Владата ќе функционира непречено и сите работни обврски како премиер ќе ги извршува од својот дом. Воедно за Велигденските празници, премиерот Спасовски упати апел до граѓаните  да покажат одговорност и да ги почитуваат препораките со цел да се […]

(ВИДЕО) Пендаровски: Ограничувањата кај нас се меѓу најригидните


Претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност изјави дека сите расположливи ресурси на државата се насочени кон справување со корона вирусот. Според него, има позитивен развој на ситуацијата во Дебар и во Центар Жупа, но се влошува во Куманово,а стагнира во Прилеп. Со оглед на оваа ситуација и со оглед на правните дилеми […]

Советот за безбедност без Спасовски, Филипче и Османи


Иако требаше да почне во 12 часот, доцнеше состанокот на Советот за безбедност кај претседателот, бидејќи се чекше дали на него ќе дојдат премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче. Според последната вест, тројцата откажале присуство. Тројцата функционери ги затече веста дека и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски има корона вирус, а […]

Градоначалникот на Куманово позитивен на Ковид-19


Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски предмалку на социјалните мрежи објави дека меѓу новите 40-те кумановци позитивни на тестот е и тој. Димитриевски во објавата споделена на Фејсбук ги охрабрува кумановци дисциплинирано, заеднички да продолжат со битката против заедничкото зло. –  Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги соѓраѓани […]

До кога ќе се продолжува вонредната состојба?


Во пресрет на седницата на Советот за безбедност, на која треба да се расправа за продолжување на вонредната состојба за уште 30 дена, нема никакви сiгнали дека на главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и пречат зголемените ингеренциии на Владата, туку напротив, на некој начин и тие профитираат, па си молчат. Но, затоа од интелектуалци, невладини организации […]

Илија Гечев: За ИГМ поголем проблем се квотите од ЕУ отколку корона кризата


Владата, според Гечев, при одредување на помошта не треба да се да се заморува со големите извозни компании. Тие самите ќе го најдат својот пат. Треба да им помогне на малите и средни претпријатија   Мирче Јовановски Компанијата „ИГМ Трејд“ деновиве се најде во фокусот на вниманието на јавноста откако донираше 250 илјади евра, што […]

Ниту еден сосед нема да го празнува Велигден


Православните христијани деновиве се на распетие. Растргнати се меѓу јавниот интерес, своето здравје и желбата на присуствуваат на литургија за Велигден. Иако минатата година мноштвото граѓани за Велигден место во црква завршија на шетање во Грција и други држави, за првпат во историја велигденската литургија треба да ја следат од дома и преку телевизија. Иако […]

(Фото) Облечете папучи и седете дома


На плоштадот „Македонија“ се одвива уметничка акција „Облечете папучи и Седете дома“. Организаторите на акцијата информираат дека оваа акција е наменета за да им помогне на граѓаните да истраат во физичката изолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата. Велат дека за претставување […]

Се ближиме до бројка од 1.000 заразени, нови 66 , еден починат


Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови: – Скопје-10 – Куманово-27 – Штип-3 – Прилеп-4 – Тетово-5 – Струга-4 – Велес-2 – Охрид-5 – Гостивар-1 […]

ГАК: Починати пет предвремено родени бебиња, мајка ги изгуби сите три


Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје информира дека во последните седмици е зголемен бројот на предвремени породувања. Од 9 до 13 април починале пет предвремено родени бебиња. Од ГАК апелираат родилките и во периодот на справување со Ковид-19, смирено и без паника да се подготвуваат за среќен исход од бременоста. Доколку им треба психолошка поддршка […]