Дерковски нема да спроведува „незаконски избори“


Првиот човек на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, денес во интервјуто за Утрински брифинг  изјави дека  ако има обид да му се наметне одлука за организирање брзи избори, тој нема да прифати да ги спроведе, бидејќи според него ќе бидат незаконски. Според Дерковски на ДИК и требаат меѓу 45 и 50  дена да ги подготват изборите .

Запрашан дали тоа би значело дека ќе си даде оставка од функцијата, Дерковски одговори дека и да сака во моментов нема кому да ја поднесе, односно кој да ја констатира, така што тој сака однапред да се амнестира од одговорноста.

Тој оцени дека во Македонија нема услови за електронско гласање . Околу тоа дали може да се проретчат гласачките места, односно да биде помала концентрацијата на гласачите или да се рашири пикот, тој рече дека е можно, но за тоа треба да се смени законот.

-Ги слушам политичарите и тие веојатнор не ја познаваат технологијата на изработка на избирачкиот список и ги даваат изјавите. Кога и да се изборите, ќе го добиеме во иста форма избирачкиот список како и секогаш, сиров, а потоа треба да се комплетира.  Јас ги разбирам политичарите и нивните побуди и мотиви, но ова мора да биде законски. Избирачки список кој не би ја поминал целата процедура, да биде утврден и потврден од избирачите, јас нема да потпишам, рече Дерковски.