(ФОТО и ВИДЕО) Изгоре автобус под Железничка станица


Приватен автобус во рамките на сообраќајот организиран од ЈСП се запали и речиси целосно изгоре утрово под Железничката станица. Чадот од автобусот се гледаше на километар од станицата.

 

 

Автобусот го гасеа десттина пожаникари со две возила. Командирот на пожарникарската чета Борче Менковски изјави дека автобусот се запалил додека бил паркиран на стојалиштето и во него немало патници.

Нема повредени лица. Според првичните сознанија, причината за запалувањето најверојатно е проблем со електриката на автобусот.