Денот на Европа го дочекавме со одлука за преговори

Денеска е 9 Мај Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во основањето на Европската Унија.

Денот на Европа оваа година земјава го дочека со одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ, откако во октомври минатата година се соочи со вето од Франција. По 15 години кандидатски статус и со над десет последователни препораки на ЕК за отворање преговори, Европскиот совет на 26 март оваа година донесе одлука за почеток на преговори со Северна Македонија.

– Европските лидери постигнаа политички договор за почеток на преговори со Европската Унија за Северна Македонија и Албанија. Ова е признание за значајните реформи направени од страна на двете земји кои покажаа силна политичка волја за продолжување на патот до ЕУ, објави тогаш на Твитер хрватското претседателство со ЕУ.

И покрај пандемијата со Ковид-19, претставници на земјава очекуваат да ја добиеме преговарачката рамка во јуни годинава. Шефот на дипломатијата Никола Димитров пред неколку дена изјави дека рано во јуни очекуваме да ја добиеме предлог преговарачката рамка и во зависност од корона кризата во период од неколку месеци таа да биде одобрена и да започнеме со првиот вистински чекор во преговорите – првата меѓувладина седница.

За него преговарачкиот процес е многу поважен од самата крајна цел – членство во ЕУ, додавајќи дека целата држава е подготвена за почеток на патот на преговорите. Рече дека идејата е да направиме реална промена на системот и оштеството, а прашањето на реверзибилност во процесот на преговори е позитивен чекор, ако добрите реформатори се препознаени.

– Сметаме дека е добро што механизмот на реверзибилност е силна алатка во рацете на ЕУ за оценување на земјите кои не спроведуваат реформи и не притискаат напред и со тоа да помогнат граѓаните да препознаат дека нешто е погрешно. Тоа ќе биде јасна алатка на ЕУ да ги притиска владите од регионот да испорачаат реформи, посочи Димитров.

Минатиот октомври земјава не го доби ветениот датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија. Наместо тоа, првпат беше ставено под прашање и натамошното проширување на ЕУ, а Франција, која стави вето Северна Македонија и Албанија да добијат почеток на преговори, набрзо потоа излезе со нон-пејпер во кој го предложи и образложи новиот начин на преговарање на земјите-кандидати.

Недобивањето одлука за преговори беше остро критикувано од самите ЕУ претставници. „Ова е историска грешка“, беа зборовите на високи европски претставници, меѓу кои и тогашниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, кој во новиот состав на ЕК го презеде комесарското место за буџет и администрација.

-Срамно е недобивањето датум за Северна Македонија и Албанија, рече тогаш претседателот на ЕК во заминување Жан Клод Јункер, за кого недобивањето на датум претставуваше изневерување на ветеното кон овие две земји.

Амбасадорот Жбогар, во интервју за МИА во октомври, непосредно по неодлуката за отпочнување преговори, нагласи дека проширувањето останува стратешки приоритет за ЕУ. – Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во ЕУ одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање. Го разбираме разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваме посветени на Северна Македонија и на регионот, рече тогаш Жбогар.

Новата методологија на ЕК беше усвоена во почетокот на февруари годинава. Таа се заснова на четири главни принципи – кредибилитет, посилно политичко управување, динамичност и двострана доверба. Групирањето во кластери на основните поглавја – владеење на правото, економија и реформи во јавната администрација, ќе овозможи подетални политички дискусии за тематските области и идентификување на можностите за рано усогласување и интеграција во политиките на ЕУ. Во овие области ќе треба да се постигне доволен напредок пред да се отворат другите поглавја. Од друга страна, предвидени се порешителни мерки за санкционирање на какво било сериозно или продолжено стагнирање, како забавување на преговорите, прилагодување на финансиите и повлекување на придобивките од поблиска интеграција.

Ревидираната методологија се заснова на истите критериуми за влез во ЕУ, утврдени во Договорот за ЕУ и според критериумите од Европскиот совет во Копенхаген уште во 1993 година, кои се многу јасни и не се менуваат – стабилни институции што гарантираат демократија, владеење на правото, човекови права и почитување и заштита на малцинствата, функционална пазарна економија и капацитет за справување со конкуренцијата и пазарните сили во ЕУ, можности за преземање и ефикасно спроведување на обврските за членство. Во случајот со Западен Балкан се утврдени дополнителни услови за членство, главно во врска со регионалната соработка и добрососедските односи.

Патот кон ЕУ: Од Договор за стабилизација и асоцијација во 2002 до одлука за преговори во 2020 година

Северна Македонија од 2005 година е кандидатка за членство во ЕУ.

Земјава во 2001 година прва од регионот ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во 2004 година аплицираше за членство, а во декември 2005 година се стекна со статус земја кандидат.

Во 2009 година, по неколку продлабочени реформи во клучните области, ја доби првпат и препораката на Европската комисија за почеток на преговори, паралелно и со либерализираниот визен режим и оттогаш па се до одлуката во март годинава за почеток на преговори, ЕК имаше над десет препораки за почеток на преговори со земјава.

Во 2012 година воспоставен е Пристапниот дијалог на високо ниво, кој внесе динамика во реформскиот процес за пристапување кон ЕУ преку зајакнување на довербата и зголемување на европската перспектива на земјата, а истиот беше фокусиран на клучните предизвици во следните пет области – слобода на изразување во медиумите, владеење на правото, реформа на јавната администрација, изборна реформа, зајакнување на пазарната економија.

Препораките на Комисијата за преговори во 2015 и 2016 година беа условени препораки – условени со Пржинскиот договор, имплементацијата на итните реформски приоритети и спроведување коректни избори.

Во јуни 2018 година Советот на ЕУ заклучи дека ЕУ ја остава отворена вратата за отпочнување преговори во втората половина на следната година, условено со напредок во реформите. Согласно тоа, до средина на 2019 требаше да покажеме напредок во имплементација на реформите во судството, безбедносните служби и јавната администрација, како и борбата против корупцијата како области во кои Владата ги започна реформите со планот 369.

Земјава во меѓувреме во септември 2018 година го почна скрининг процесот, т.е. објаснувачкиот скрининг за пристапување во Европската Унија, кој што почна со Поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права. Објаснувачкиот скрининг заврши кон крајот на минатата година, со што земјава веќе заврши една важна фаза уште пред официјалниот почеток на преговори.

Во јуни 2019 година, во заклучоците на Советот на ЕУ беше наведено дека  Советот силно го поздравува историскиот Преспански договор и Договорот за добрососедски односи со Бугарија и добро ја забележува препораката на Комисијата за отворање на пристапните преговори со РСМ, базирана на позитивната проценка на постигнатиот напредок и исполнувањето на условите утврдени од Советот. “Со оглед на ограниченото време на располагање и важноста на предметот, Советот ќе се врати на прашањето со цел да донесе јасна и суштинска одлука што е можно поскоро и најдоцна до октомври 2019“, беше нотирано во заклучоците.

Во заклучоците на Советот од октомври 2019, се подвлекува дека Европскиот совет ќе се врати на прашањето за проширувањето пред Самитот на ЕУ-Западен Балкан во Загреб во мај 2020 година.

Шуман

Историјат на ЕУ

Денот на Европа – 9 мај, е воспоставен како ден на сеќавањето на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, којашто се смета за прв официјален чекор во создавањето на ЕУ.

Тогаш Шуман го презентира предлогот за создавање организирана Европа, како опција за одржување на мирот на европскиот континент. Предлогот познат како „Шуманова декларација“ се смета за почеток на формирањето на тоа што денес претставува Европската Унија.

Декларацијата била предлог за поранешните непријатели, Франција и Германија, да воспостават организација која заеднички ќе управува со нивните индустрии за јаглен и челик, со цел војната во Европа никогаш да не се повтори.

Првично, активностите се однесуваа на создавање заеднички пазар за јаглен и за железо на земјите основачи – Германија, Франција, Белгија, Италија, Луксембург и Холандија.

Денес ЕУ ја сочинуваат 27 земји членки, откако Велика Британија по т.н. Брегзит официјално излезе од Унијата на 1 февруари оваа година.

Оваа година Денот на Европа ширум светот ќе се прослави он лајн преку најразлични активности со цел да се оддаде почит на солидарноста на многуте Европејци кои помагаат во борбата со корона кризата.