(Галерија) Полицијата во одбрана на здравјето


Фото: Б. Грданоски

Со показни вежби од страна на Единиците на МВР, доделување плакети за посебен придонес за вработени во МВР и плакети за благодарност до претставниците на Дипломатскиот кор, како и со оддавање на почит на спомен обележјата на загинатите бранители со положување свежо цвеќе, денеска, 7 мај во кругот на МВР и Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ беше одбележан „Денот на македонската полиција“.

Фото: Б. Грданоски

Пред уважените гости со заштитни маски, се обрати министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој истакна дека денешниов празник го одбележуваме во едни сосема поинакви околности, кои што ни даваат јасен увид за значењето и улогата на полицијата и во кризни состојби, како што впрочем е актуелната пандемија од корона вирусот. „Демонстрираната организираност, исполнителност, законска дисциплинираност, и пожртвуваност на сите припадници на Министерството за внатрешни работи, во исполнувањето на сите зададени обврски и задачи во справувањето со пандемијата и примарно – во зачувувањето на човечките животи како бесценета вредност на секое општество, е јасен показател за потенцијалите и кредибилитетот на македонска полиција, рече денес Чулев.

Фото: Б. Грданоски

Фотографиите на нашиот фоторепортер Борис Грданоски ја покажуваат спремноста и професионалноста на македонската полиција.

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски