На уставниот судија Владимир Стојаноски му завршил мандатот


На Владимир Стојаноски (59), судија со најдолг стаж во Уставниот суд на 13 април му завршил мандатот, но тој поради воведувањето на првите 30 дена на вонредната состојба на 18 март му е продолжен мандатот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во вечерашново гостување на Телма соопшти дека претседателот на Уставниот суд два пати го известувал за оваа ситуација и му нагласил дека мандатот на судијата, чие име Џафери не го спомена, ќе продолжи за онолку денови колку што вонредната состојба влијаела врз неговите девет години во Уставниот суд. Тоа значи дека на Стојаноски му остануваат уште 26 дена во Уставниот суд по укинувањето на вонредната состојба.

Стојаноски беше избран на 14 април 2011 година. Тој на таа функција дојде од Врховниот суд, каде што беше избран во септември во 2019 година. Претходно бил судија во Управниот суд. Тој беше предложен од Судскиот совет преку ноќ, а исто така преку ноќ беше избран за уставен судија по жестока политичка расправа во Собранието, во која тогашната опозиција, СДСМ, обвини за длабоко партизирање на највисокиот суд во земјата.

Во текот на следната година на тројца судии им престанува деветгодишниот мандат – Елена Гошева, Никола Ивановски и Јован Јосифовски. (Н.В.)