Адеми: Не сакаме училиштата да бидат жаришта за ширење ковид-19


Здравјето на учениците е клучно. Не сакаме училиштата да бидат жаришта за ширење КОВИД-19. Јасно е дека не постои замена за наставата во училница, но во овој момент онлајн процесот е најсоодветен. Апелираме до сите наставници да продолжат одговорно и професионално да ја вршат својата работа, да дадат придонес за да се издигне овој начин на организирање на наставата над оптималното ниво, рече министерот за образование Арбер Адеми.

Во вечерашното гостување на „Топ тема“, Адеми истакна дека само осум училишни денови се пропуштени од прекинот на наставата до воведувањето на одлуката за „далечинско онлајн учење“. Наставата добро се организира и тече. Обезбеден е бесплатен интернет за сите деца од социјално загрозени семејства, а обезбедени се и ИТ системи за сите ученици да имаат ист пристап до онлајн образованието.

-Не велам дека се е беспрекорно и дека овој начин на настава ќе го замени конвенционалниот, но мора да истакнам дека бевме меѓу првите држави кои брзо и навреме се организираше. Не се работи за успешност или неуспешност на учење од дома. Далечинското учење сега нема друга опција зашто воспитно-образовниот процес не може да се одржи во училиште. Наставата може да се реализира единствено на ваков начин. Одлуката да не се враќаат учениците до крајот на учебната година е преземена имајќи ги предвид инофрмациите од Министерството за здравство според чии препораки ние ги креираме образовните политики. Долго време зборуваме за тоа кога би се вратиле учеиците во клупа, ги согледавме сите ифнормации и предложивме мерки. Ризикот од ширње КОВИД – 19 е намален, но постои. Не сакаме нашите деца да ги изложиме на каков било ризик. Како би барале социјална дистанца и дали таа ќе се почитува меѓу првоодделенците? Нема ли тие да се гушнат со оглед дека не се виделе толку време?, рече Адеми.

Во врска со контролата на онлајн образовниот процес, посочи дека ја спроведуваат оперативните органи како што е Државниот просветен инспекторат.

-Инспекторатот врши надзори секој ден во основни и средни училишта кои во првите недели добија прашалници како се организира и реализира онлајн наставата. Информациите се доста охрабрувачки од терен. Повторно ќе кажам, бевме многу претпазливи кога ги донесовме уредбите, а и пристапот беше инклузивен, истакна Адеми.

На прашањето за државната награда „Гоце Делчев“, подвлече дека Министерството за образование не се откажува од нејзиното доделување. Тој не чувствува одговорност за недоделувањето на наградата и лани и годинава. Оценува и дека е тоа чиста коинциденција, како и дека нема никаква поврзаност со актуелните теми, амбиции и аспирации на нашата држава да биде членка на ЕУ.

-И лани и годинава се преземени чекори, треба и членовите на Комисијата да поминат на Собрание. Тука беше проблемот лани и затоа не беше доделена наградата. Сега немаме Собрание. Се надеваме час поскоро да имаме, дали преку избори или на каков било начин. Не се работи за откажување од наградата, чиста коинциденција е, нема никаква поврзаност со актуелните теми, амбиции и аспирации на нашата држава да биде членка на ЕУ. Не чувствувам одговорност, ниту верувам дека има елементи на каква била одгоровност. Напротив, ние учествуваме на разни настани поврзани со личности од историјата на државата и во овој правец сме ги преземале чекорите и неопходните активности како институција за да се додели наградат и во овој правец и во иднина ќе ги канализираме нашите активности, потенцира Адеми.