СДСМ: Ги делат граѓаните пред гробот на македонскиот херој


СДСМ реагира на денешното скандирање и навредување од страна на навивачките групи „Комити“ и „Војводи“ додека државна делегација, предводена од Радмила Шекеринска, положуваше цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

-На големиот ден, 4 мај, на одбележување на 117 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, ВМРО-ДПМНЕ го покажа лицемерното, очајничко и режимско лице, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека преку навивачки групи, ВМРО-ДПМЕ организира партиска пропаганда, и ги делат граѓаните пред гробот на македонскиот херој, Годе Делчев кој животот го посветил на обединување на македонскиот народ.

„Освен поделби и вештачки тензии, ВМРО-ДПМНЕ се обиде да ја попречи и слободата на изразување како и работата на медиумите.Бидејќи собирањето во масовни групи е спротивно на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот го повикуваме Министерството за внатрешни работи да преземе итни мерки и соодветно да ги казни прекршителите.

Исплива на виделина и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои наводно се загрижени за здравјето на граѓаните и бегаат од избори, а во исто време организираат навивачки групи и собири спротивни на мерките и препораките на здравствените власти.Одново се покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски останува на погрешната страна, против интересите на државата, против интересите на македонскиот народ, против интерсите на сите граѓани“, велат од СДСМ.