Апел до нашите од земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето дома


 Поради состојбата со  корона вирусот во земјава, согласно заклучоците на Владата од последната седница, се воведува забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик согласно листата на Светска здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство.Забраната, како што стои во заклучоците не важи само доколку достават  потврда издадена од надлежен …

Апел до нашите од земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето дома Read More »

Ајде да се спасиме, па да се мразиме


Што е тоа што мора во ваква ситуација на бесмислена кампања за предвремени парламентарни избори да направат политичарите кои не престануваат да се колнат дека работат за доброто на народот ЕРОЛ РИЗАОВ Денес би требало да дознаеме, колку и да ги кријат нозете, на кого во земјата му е поважна борбата за власт, отколку здравјето …

Ајде да се спасиме, па да се мразиме Read More »

Кафулињата и обложувалниците да затвораат во 18 часот


Министерот за здравство Венко Филипче, денеска соопшти дека одлучиле кафеаните, кафулињата, рестораните, обложувалниците и казината да се затворат во 18 часот, со цел да нема собирање на поголем број луѓе на исто место, каде шансите да се пренесе вирусот Ковид-19 е поголемо. Препораката е и да работат со преполовен капацитет, за да има дистанца од …

Кафулињата и обложувалниците да затвораат во 18 часот Read More »

(Во живо) Прес-конференција на министерот Филипче


Проследете ја во живо прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче. Синоќа, немало нови случаи каои се испитуваат за корона вирус, но утрово еден патник кој на 7 март дошол од Германија со покачена температура се јавил за тестирање. Во текот на неколку часа ќе има резултати. Филипче информира дека назначена е нова директорка на …

(Во живо) Прес-конференција на министерот Филипче Read More »

Спасовски апелира да не се злоупотребуваат мерките


Премиерот Оливер Спасовски во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ апелираше до сите граѓани да се однесуваат одговорно во новонастаната ситуација со коронавирусот.Тој апелираше до работниците да не ги злоупотребуваат мерките за отсуство од работа, а до работодавачите да ги почитуваат препораките. – Повеќе од сигурно е дека треба да бидеме сите на висина на …

Спасовски апелира да не се злоупотребуваат мерките Read More »

Утврдени дополнителни мерки за да не се шири корона вирусот


Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки, активности и препораки на Владата за превенција од ширење на болеста КОВИД-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности, врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби – хронични респираторни заболувања, тешки  кардиоваскуларни заболувања, …

Утврдени дополнителни мерки за да не се шири корона вирусот Read More »

Денес ќе се докажува како ја купил облеката Бојан Јовановски


На денешното рочиште за “Рекет” адвокатот Сашо Дуковски ќе презентира фотографии од гардероба на Бојан Јовановски за да докажат дека поголемиот дел е купена пред 2019 година, наспроти тврдењето на обвинителката Вилма Русковска дека ја купил со пари од рекетот. Станува збор за седум вреќи запленета гардероба. На денешното рочиште обвинетата Катица Јанева исто така …

Денес ќе се докажува како ја купил облеката Бојан Јовановски Read More »

ЕУ за одлуката на Трамп да не се лета во Европа: Економско нарушување мора да се избегне


Белгија– Европската унија денеска ќе ја процени одлуката на САД за забрана за патување од Европа наметната од американскиот претседател Доналд Трамп, нагласи претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Тој додаде дека „економско нарушување мора да се избегне“. Твитот на Мишел, кој ја координира акцијата на лидерите на 27-те земји членки на ЕУ, следеше по одлуката …

ЕУ за одлуката на Трамп да не се лета во Европа: Економско нарушување мора да се избегне Read More »

Експерти: Банкнотите не се особено ризични за пренесување на новиот коронавирус


Германија – Допирањето банкноти не претставува посебен ризик од инфекција со новиот коронавирус. Тоа го изјави германскиот директор на Институтот за инфективни болести Роберт Кох. „Пренесувањето на вирусот преку банкноти не е од особена важност“, рече Лотхат Вилер. Тој додаде дека најголем ризик се секретите на заразените лица. Неговите изјави се спротивставуваат на официјалните претставници на …

Експерти: Банкнотите не се особено ризични за пренесување на новиот коронавирус Read More »

Ќе одлучат ли лидерите на партиите да ги одложат изборите?


Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива денеска во 13 часот ќе имаат координација со премиерот Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со коронавирусот. Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Билал Касами, Мендух Тачи, Зијадин …

Ќе одлучат ли лидерите на партиите да ги одложат изборите? Read More »

Бизнисот бара итно „лек“ заради корона вирусот, Владата одмерува „терапија“


За да се спречат поголеми штети по економијата мора да се размислува и за ургентна и навремена помош која институциите би му ја овозможиле на приватниот сектор, порачуваат од ССК Мирче Јовановски Бизнисот се погласно бара итни мерки за помош на компаниите чии деловни активности се погодени од ограничувањата што ги наметна корона вирусот во …

Бизнисот бара итно „лек“ заради корона вирусот, Владата одмерува „терапија“ Read More »

МВР: Ширачите на лажни вести за корона вирусот ќе бидат санкционирани


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните – корисници на социјалните мрежи да не споделуват и шират непроверени односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните. -Лажните вести кои создаваат неоснована паника и имаат долгосежни последици  врз општествената состојба,но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби …

МВР: Ширачите на лажни вести за корона вирусот ќе бидат санкционирани Read More »

СЗО прогласи пандемија


Женева – Изразувајќи се поголема загриженост заради растот на инфекции Светската здравствена организација денеска прогласи дека глобалната криза од коронавирус сега прерасна во пандемија. Директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус изјави дека СЗО  е длабоко загрижен од алармантните нивоа на ширење и сериозноста на епидемијата од коронавирус. -Затоа направивме проценка дека Ковид-19 може да се карактеризира …

СЗО прогласи пандемија Read More »

Позитивни на корона вирус уште две лица


Позитивни на корона вирус  во државава  се уште две лица. Тие се од Дебар и се соседи на претходно хоспитализираните тројца дебарчани заразени со овој вирус и заедно со нив бројот на заразени во државава се искачи на девет. Во текот на денов се испитуваа вкупно 12 лица. „Од сите испитани пациенти денеска, двајца се …

Позитивни на корона вирус уште две лица Read More »

Како изгледаат училиштата и градинките без деца (Галерија)


Средните и основните училишта како и градинките денес осамнаа без детскиот џагор, откако Владата вчера одлучи наставата да се прекине во наредните 14 дена, како една од мерките за сузбивање на опасноста од ширење на крона вирусот. Илјадници деца во следните две недели, наместо да ја посетуваат наставата, ќе останат дома. Заедно со децата дома …

Како изгледаат училиштата и градинките без деца (Галерија) Read More »

ЈСП го укина бесплатното возење на пензионерите


ЈСП соопшти дека од утре, четврток нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз. Истовремено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години и  мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно. …

ЈСП го укина бесплатното возење на пензионерите Read More »

Дванаесет лица се тестираат за коронавирус


Дванаесет лица се тестираат за коронавирус информира министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Според него, станува збор за две лица кои пред 5-6 дена се вратиле здрави од Италија, а утрово развиле симптоми, потоа осум лица од Дебар – соседи на тројца заболени со коронавирус со кои живееле во лепенка и со кои …

Дванаесет лица се тестираат за коронавирус Read More »

Мицкоски го избегна првото соочување со гласачите


Ова требаше да биде прво соочување на Христијан Мицкоски со гласачите и тоа требаше да биде вистинскиот лакмус кој ќе ја одреди неговата вредност на политичката сцена   Љупчо Поповски Луѓе од сцената прават сценски гестови. Игор Дурловски направи оперетски гест во согласност со уметноста со која се занимава за да му се зблагодари директно …

Мицкоски го избегна првото соочување со гласачите Read More »

Шпанската ратификација за НАТО како шпанска серија


Очекуваната ратификација на Протоколот за прием на Македонија во НАТО, што требаше да помине оваа недела во шпанскиот Сенат,  е одложена поради корона вирусот. Од вчера со одлуката на владата во Мадрид е прекината работата на Парламентот за една недела, но мал е оптимизмот дека вонредната мерка ќе трае само толку и дека од понеделник …

Шпанската ратификација за НАТО како шпанска серија Read More »