ЈСП го укина бесплатното возење на пензионерите


Фото: Б.Грданоски

ЈСП соопшти дека од утре, четврток нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз. Истовремено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години и  мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно.

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.