СЗО прогласи пандемија

Женева – Изразувајќи се поголема загриженост заради растот на инфекции Светската здравствена организација денеска прогласи дека глобалната криза од коронавирус сега прерасна во пандемија.

Директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус изјави дека СЗО  е длабоко загрижен од алармантните нивоа на ширење и сериозноста на епидемијата од коронавирус.

-Затоа направивме проценка дека Ковид-19 може да се карактеризира како пандемија, рече Тедрос на брифинг во Женева, пренесуваат американските медиуми.

„Сите земји се уште можат да го променат текот на оваа пандемија. Доколку земјите ги откријат, тестираат, лекуваат, изолираат, следат и мобилизираат своите луѓе во одговорот на заканата, рече Тедрос.