ЕУ за одлуката на Трамп да не се лета во Европа: Економско нарушување мора да се избегне


Белгија– Европската унија денеска ќе ја процени одлуката на САД за забрана за патување од Европа наметната од американскиот претседател Доналд Трамп, нагласи претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Тој додаде дека „економско нарушување мора да се избегне“.

Твитот на Мишел, кој ја координира акцијата на лидерите на 27-те земји членки на ЕУ, следеше по одлуката на Трамп да воведе забрана за прифаќање туристи од Европа  – но не и од Велика Британија што веќе не е дел од блокот – до САД за 30 дена во обид да се запре ширењето на новиот коронавирус.

„По забраната за патување што ја објави претседателот Трамп, ќе ја процениме ситуацијата денеска“, рече Мишел.

„Европа презема сите потребни мерки да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, да лимитира број на заразени и поддршка за истражувачи, додаде тој.