Апел до нашите од земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето дома

 Поради состојбата со  корона вирусот во земјава, согласно заклучоците на Владата од последната седница, се воведува забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик согласно листата на Светска здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство.Забраната, како што стои во заклучоците не важи само доколку достават  потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.Исто така, се апелира до државјаните на Република Северна Македонија, кои живеат во држави со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјата во овој период.

Поради затворање на граничниот премин „Рибарци“ во Република Србија од вчера од 7:00 часот, за премин за патници и возила согласно насоките од Владата на Република Србија, сите патници и возила од граничниот премин „Голема Црцорија“ – Голеш, Кривопаланечко во Република Северна Македонија се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на патници и возила.

Од граничниот премин Прохор Пчински  патниците и возила се пренасочуваат на заедничкиот граничен премин со Република Србија, Табановце – Прешево.