ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица
Глобалните конфликти повторно покажаа колку се чувствителни пазарите на критични минерали. Во најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се наведува дека воените случувања на Блискиот Исток најсилно влијаеле врз цените на бакарот и алуминиумот, поради нарушувањата во синџирите на снабдување. Во такви услови, земјите што располагаат со резерви на бакар добиваат дополнителна економска можност. …