Во Стара чаршија урнале објект заштитен од државата


Вчера околу 12 часот во СВР Скопје од Конзерваторски центар-Скопје  е пријавено дека на ул.„Лазар Танев“ бил срушен објект во сопственост на Е.Т. (29) од Скопје, кој бил под заштита на државата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вештачката интелигенција влезе во Кодексот на новинарите


Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Скопје го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија, кој претставува модернизирана рамка за професионално и етичко известување прилагодена на предизвиците на дигиталната ера, социјалните мрежи и вештачката интелигенција. На почетокот на настанот беше посочено дека процесот за измена и дополнување …

Вештачката интелигенција влезе во Кодексот на новинарите Read More »

Судиите-поротници на протест: И Камбовски смета дека надоместокот е мал


Судиите поротници при Основниот кривичен суд Скопје од денеска (7 јули 2026 г.) ќе започнат со мирен протест и нема да учествуваат на дел од судските расправи, а причината, како што соопштија денеска од Судот, е долгогодишниот проблем со дневниците и нерешавањето на нивните барања од страна на Министерството за правда и Судскиот совет. Портпаролот …

Судиите-поротници на протест: И Камбовски смета дека надоместокот е мал Read More »

Ќе се отвора средно стручно за возачи во ЈСП?


Бројот на вработени возачи на градски автобуси во ЈСП „Скопје“ константно се намалува, што со пензионирање на постоечките, што со иселување, а само во последниов период бројот на возачи се намалил за 10 отсто.  За да не се доведеме во ситуација, кога во некој догледен период и ќе се набават нови автобуси за градскиот сообраќај …

Ќе се отвора средно стручно за возачи во ЈСП? Read More »

СЗО ја предупредува Европа за нови топлотни бранови, ја посочи Македонија меѓу подготвените земји


Додека делови од континентот очекуваат температури до 43 степени, СЗО ги истакна мерките на Македонија, Италија, Шпанија и други земји за заштита од екстремни жештини. Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Хенри П. Клуге, предупреди денеска дека Европа во наредните недели би можела да биде погодена од нови смртоносни топлотни бранови …

СЗО ја предупредува Европа за нови топлотни бранови, ја посочи Македонија меѓу подготвените земји Read More »

Едношалтерски систем за увоз, извоз и транспорт на стока, најави министерот Николоски


 Националниот едношалтерски систем (НЕС) претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе може побргу и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија – истакна денеска заменик-претседателот на Владата и министер …

Едношалтерски систем за увоз, извоз и транспорт на стока, најави министерот Николоски Read More »

Германија прави резерви на гас за „црни денови“


Германското Министерство за економија подготвува планови за воспоставување државни стратешки резерви на природен гас што би се користеле во вонредни ситуации, чие формирање би чинело до 1,5 милијарди евра (1,72 милијарди долари). Според интервјуираните од Ројтерс, резервите би биле наменети за заштита од екстремни ситуации, како што се саботажа на клучна енергетска инфраструктура или сериозен …

Германија прави резерви на гас за „црни денови“ Read More »

Преку апликација, возачите во реално време ќе проверуваат каде има слободни паркинг-места во Центар


Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат.  Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, …

Преку апликација, возачите во реално време ќе проверуваат каде има слободни паркинг-места во Центар Read More »

Ѓорѓиевски исплатил еднократна помош на „Антолог“ од 50.000 денари – штетата се брои во стотина илјади евра


Еднократна парична помош од 50.000 денари дал градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на издавачката куќа „Антолог“, чии магацински простории беа поплавени во големиот дожд што наврна во Скопје минатата недела. Советниците, на денешната седница поднесоа иницијатива за обештетување на „Антолог“ од страна на градот, но од службите појаснија дека за да се случи такво нешто, …

Ѓорѓиевски исплатил еднократна помош на „Антолог“ од 50.000 денари – штетата се брои во стотина илјади евра Read More »

Мерц одлучи: Речиси една петтина од буџетот е за одбрана


Владата на германскиот канцелар Фридрих Мерц го усвои нацрт-федералниот буџет за 2027 година, кој предвидува дека за одбрана ќе бидат издвоени 109,7 милијарди евра. Поточно, речиси една петтина од вкупните државни трошоци, како дел од планот за забрзано зајакнување на воените капацитети и исполнување на новата цел на НАТО за распределба на средствата за одбрана. …

Мерц одлучи: Речиси една петтина од буџетот е за одбрана Read More »

Домаќинствата можат да аплицираат до 30.000 денари за приклучок или за котел на гас


Граѓаните добиваат дополнително време да обезбедат финансиска поддршка за поекономично и поефикасно греење. Државата ќе покрие до 70 проценти од инвестицијата, а средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“. Аплицирањето е отворено до крајот на октомври. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка …

Домаќинствата можат да аплицираат до 30.000 денари за приклучок или за котел на гас Read More »

Словенија создава повеќе отпад од нас, сепак македонското „малку ѓубре“ е голем проблем


Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре, кое речиси целосно завршило на депониите. Тоа е помалку за речиси пет отсто (околу 20 килограми помалку) од претходната 2024 година и помалку од европскиот просек. Вкупно во државата биле создадени 755,7 илјади тони ѓубре, а на депониите завршиле речиси 640 илјади тони комунален отпад. Иако сме направиле …

Словенија создава повеќе отпад од нас, сепак македонското „малку ѓубре“ е голем проблем Read More »

Туристите ѝ го вртат грбот, хотелите се празни: Некогаш омилена дестинација во сѐ поголеми проблеми


Кубанскиот туризам, еден од главните двигатели на економијата и важен извор на приход, се соочува со една од најтешките кризи во последните неколку децении. Островот познат по своите карипски плажи и колонијална архитектура доживува драстичен пад на бројот на посетители, додека празните хотели и недостигот стануваат нова нормалност, пишува Nova.rs. Според достапните податоци, Куба ја …

Туристите ѝ го вртат грбот, хотелите се празни: Некогаш омилена дестинација во сѐ поголеми проблеми Read More »

Во Центар, 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, пријавете се за услугата ,,Сервис за стари лица”


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“, за да се информира како се реализира проектот и какви придобивки носи услугата за повозрасните жители на општината. „Во моментот услугата ја користат 73 наши сограѓани, а вкупниот капацитет на проектот е за 90 …

Во Центар, 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, пријавете се за услугата ,,Сервис за стари лица” Read More »

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500


Бројот на загинатите во двата силни земјотреси што пред две седмици ја потресоа Венецуела се искачи на 3.535 лица, покажуваат синоќа објавените официјални податоци. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа низа послаби последователни потреси. Меѓу најтешко погодените е крајбрежната сојузна држава …

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500 Read More »

Велика Британија ќе ослободи 6.000 затвореници предвреме. Меѓу нив, убијци, силувачи…


До 6.000 сторители, вклучувајќи убијци, силувачи и сексуални престапници, би можеле да бидат предвремено ослободени од затвор според новата владина шема за намалување на пренатрупаноста во затворскиот систем. Мерката е овозможена со дел од Законот за изрекување казни од 2026 година, кој стапува на сила во септември, а првите 700 сторители наводно ќе бидат ослободени …

Велика Британија ќе ослободи 6.000 затвореници предвреме. Меѓу нив, убијци, силувачи… Read More »

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш


На висорамнината Думре, во близина на Белш, централна Албанија, се појави редок природен феномен познат како вулкан од кал. Според првичните информации без никакви претходни потреси или предупредувања, се отворил кратер со голем дијаметар, ослободувајќи огромни облаци природен гас во воздухот и изнесувајќи илјадници тони врела сулфурна кал на површината. – По настанот, геолози и …

Редок природен феномен во Албанија: Вулкан од кал се појави кај Белш Read More »

Пет милиони евра за санација на штетите од пожарот во близина на Солун


За санација на штетите на инфраструктурата во поширокиот регион на Солун предизвикани од пожарот што избувна во саботата во солунското предградие Ореокастро, ќе бидат обезбедени пет милиони евра, соопшти заменик – министерот за цивилна заштита и климатска криза на Грција Костас Кацафадос, јави дописничката на МИА од Атина. Во општина Ореокастро беше одржан проширен координативен …

Пет милиони евра за санација на штетите од пожарот во близина на Солун Read More »

Фидан: Европската безбедност не може да се сведе на ЕУ


Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека европската безбедност не може да се сведе на Европската Унија (ЕУ) и дека бара поширок пристап, нагласувајќи ја централната улога на Турција во безбедносната архитектура на континентот, јави Анадолија. Зборувајќи на настанот насловен како „Европската безбедност по самитот во Анкара: Зајакнување на соработката меѓу сојузниците на …

Фидан: Европската безбедност не може да се сведе на ЕУ Read More »

Кинескиот сателитски мотор го сруши рекордот, далеку е пред своите конкуренти


  Кина постигна значајна пресвртница во електричниот погон за сателити со успешната демонстрација на новиот погонски мотор 750N Hall, завршувајќи рекордна орбитална мисија и надминувајќи ги перформансите на сите споредливи претходни системи. Моторот го напојуваше сателитот за експериментална комуникациска технологија 26A од неговата почетна транзициска орбита во геостационарна орбита преку пет маневри за подигнување на …

Кинескиот сателитски мотор го сруши рекордот, далеку е пред своите конкуренти Read More »