Голем шумски пожар кај Порто Палермо во јужна Албанија
Голем шумски пожар избувна синоќа во близина на Порто Палермо, во општината Химара, на јужниот албански брег. Засега нема информации за повредени лица.
Веднаш по добиената пријава за пожарот кај Химара, на терен биле испратени екипи на противпожарната служба кои интервенираат за негово ставање под контрола.
Причината за избувнувањето на пожарот се уште не е позната. Надлежните служби ја следат состојбата, а дополнителни информации се очекуваат во текот на денот.