Српски полицајци до крајот на август ќе патролираат во Охрид
Од 7 јули до 31 август 2026 година, припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија ќе работат заедно со своите македонски колеги во Охрид.
-Врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на туристичката сезона и оваа година, заедно со колегите од Македонија, ќе работат заедно униформирани полицајци и крим-полицаец на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.
Нивниот работен ангажман ќе се реализира врз основа на потпишан Протокол за соработка за време на туристичката сезона во Охрид по што од утре, и официјално ќе отпочнев функционирањето на заедничките полициски патроли.