Уметничката инсталација замина во историја: Македонското знаме без вишокот зраци во Битола


По забелешките за употребата на несоодветен симбол на концертот „Силно светнал ден“ во Охрид, во Битола грешката е коригирана.

На вечерашниот настан во Битола беше истакнато официјалното македонско знаме со осум сончеви зраци, со што беше отстранета дилемата која се појави по настапот во Охрид.

Потсетуваме, „Силно светнал ден“ е голем музичко-сценски спектакл посветен на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. Турнејата ќе продолжи низ повеќе македонски градови, а завршницата е предвидена во Скопје на 4 септември.